Почеток / Вести / Се појавија првите бесплатни декриптори за WannaCry

Се појавија првите бесплатни декриптори за WannaCry

Доколку вашиот компјутер бил инфициран со WannaCry, можете да се обидете бесплатно да ги вратите криптираните датотеки (на свој ризик) со некоја од следните алатки:

WannaKey – направена од Adrien Guinet, француски истражувач за информациска безбедност од Quarkslab, кој пронашол начин да ги извлече тајните клучеви за декрипција користени од WannaCry. Алатката работи на Windows XP, Windows 7, Windows Vista, Windows Server 2003 и Windows Server 2008, но има ограничувања и декрипцијата на датотеките нема да биде успешна ако:

  • Заразениот компјутер бил рестартиран или исклучен откако бил инфициран
  • Поврзаната меморија била алоцирана и избришана од страна на некој друг процес

WanaKiwi од истражувачот за информациска сигурнсот Benjamin Delpy, која работи на Windows XP, Windows 7, Windows Vista, Windows Server 2003 и Windows 2008 со користење на командна линија (cmd). На следниот линк се дадени упатства за примена на оваа алатка. Сепак, и оваа алатка има ограничувања и не работи во сите ситуации и за секој корисник.

Извор: thehackernews.com

Check Also

Работилница за Координација и комуникација при одговор на инциденти за компјутерска безбедност, 15-17 октомври 2019

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, во соработка …