Почеток / ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ / Совети за безбедност на интернет

Совети за безбедност на интернет

Одржувајте го уредот без зарази
Ажурирајте го безбедносниот софтвер: Инсталирањето на најновите верзии на безбедносниот софтвер, веб-пребарувачите и оперативниот систем е најдобрата одбрана против вируси, малициозен софтвер и други онлајн закани.
Автоматизирајте го ажурирањето на софтверот: Многу софтверски програми автоматски ќе се поврзат и ажурираат за да се одбранат од познатите ризици. Вклучете ги автоматските ажурирања ако тоа е достапна опција.
Заштитете ги сите уреди што се поврзуваат на Интернет: Покрај компјутерите, паметните телефони, играчките конзоли и другите уреди со веб-пристап имаат потреба од заштита од вируси и малициозен софтвер.
Вклучете & скенирајте ги: USB-ата и другите надворешни уреди можат да бидат заразени од вируси и малициозен софтвер. Користете го вашиот безбедносен софтвер за да ги скенирате.
Заштитете ги вашите лични информации.
Обезбедете ги вашите акаунти: Побарајте посилна заштита од лозинки. Многу провајдери на акаунти нудат дополнителни начини за да проверат кој сте вие пред да влезат во деловни односи со вас на таа страница.
Лозинките нека бидат долги и силни: Комбинирајте ги големите и малите букви со броеви и симболи за да креирате посигурна лозинка.
Единствен акаунт, единствена лозинка: Посебните лозинки за секој акаунт помагаат во совладувањето на сајбер-криминалците.
Запишете ги и чувајте ги на безбедно: Секој може да заборави лозинка. Чувајте ја листата на безбедно, сигурно место подалеку од вашиот компјутер.
Контролирајте го вашето онлајн присуство: Поставете ги поставките за приватност и безбедност на веб-страниците на ниво со кое сте удобни во однос на споделувањето на информации. Во ред е да се ограничи како и со кого ги споделувате информациите.
Поврзувајте се внимателно.
Ако се сомневате во нешто, отстранете го: Линковите во е-пошта, твитови, постирања и онлајн рекламирање честопати се начин на кој сајбер-криминалците го компромитираат вашиот компјутер. Ако изгледа сомнително, дури и ако го познавате изворот, најдобро е да ги избришете или, доколку тоа е соодветно, означите како несакана е-пошта.
Запознајте ги подобро Wi-Fi хотспотовите: Ограничете го видот на активности кои ги правите и прилагодете ги безбедносните поставки на вашиот уред за да ограничите кој може да пристапи до вашиот уред.
Заштитете ги вашите $$: При е-банкарството и е-трговија, проверете дали сајтовите се безбедни. Побарајте веб-адреси со “https: //” или “shttps://,”/” напред, што значи дека сајтот преземал дополнителни мерки за да помогне во обезбедувањето на вашите информации. Http://” не е безбедно.

Бидете мудри кога сте на веб.
Бидете тековно информирани. Одржувајте темпо со новите начини за да останете безбедни онлајн. Проверете ги доверливите веб-страници за најновите информации, споделете ги со вашите пријатели, семејство и колеги и поттикнете ги да бидат мудри кога се на веб.
Размислете пред да дејствувате: Бидете претпазливи во однос на комуникации кои бараат да дејствувате веднаш, нудејќи нешто што звучи премногу добро за да биде вистинито, или барајќи лични информации.
Направете бекап (резервна копија): Заштитете ја вашата вредна работа, музика, фотографии и други дигитални информации со електронска копија зачувана на безбедно место.

Биди добар онлајн граѓанин.

Побезбедно за мене, побезбедно за сите: Она што го правите онлајн има потенцијал да влијае на сите – дома, на работа и во целиот свет. Практикувањето на добри онлајн навики придонесува за целата глобална дигитална заедница.
Објавувајте го за другите она што сакате тие да го објават за вас.
Помогнете им на органите да се борат против сајбер-криминалот.

Check Also

Насоки за безбедност на веб-сервери

Веб-серверите често се цел на напади и обиди за експлоатација. Неправилното конфигурирање и на веб-серверите …