Почеток / ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ / Совети за онлајн игри за родители

Совети за онлајн игри за родители

Онлајн игрите честопати вклучуваат интеракција со други компјутери и играчи во живо. За децата е забавно да се поврзуваат со другите, но истите треба да разберат како да се заштитат себеси, така што играњето ќе остане да биде пријатна активност. Иако некои родители би сакале да ги забранат игрите, реалноста е дека повеќето млади луѓе имаат пристап до компјутер и онлајн игри и тоа ако не дома, тогаш во домовите на пријателите и можеби на училиште. Како родител или старател, важно е да разберете кои се ризиците и како да му помогнете на вашето дете да се снаоѓа низ светот на игрите. Првиот чекор е ЗАСТАНИ.РАЗМИСЛИ.ПОВРЗИ СЕ.

Одржувајте го уредот без зарази
Играчките конзоли се компјутери со софтвер кој треба да се одржува ажуриран (исто како вашиот компјутер, лаптоп, телефон или таблет). Безбедносните заштити се вградени и редовно се ажурираат. Најдете време за да бидете сигурни дека сите уреди за онлајн игри во вашиот дом ги имаат најновите заштити.
Ажурирајте го безбедносниот софтвер: Инсталирањето на најновите верзии на безбедносниот софтвер, веб-пребарувачите и оперативниот систем е најдобрата одбрана против вируси, малициозен софтвер и други онлајн закани.
Заштитете ги сите уреди што се поврзуваат на Интернет: Компјутерите, паметните телефони, играчките конзоли и другите уреди со веб-пристап имаат потреба од заштита од вируси и малициозен софтвер.
Заштитете ги личните информации на вашето дете.
Разговарајте со вашите деца за тоа што претставува лична информација. Децата треба да знаат што е соодветно да се сподели, а што не е. Имињата, родендените, возраста, географската локација, контакт информациите и фотографиите со препознатливи информации се сметаат за лични информации. Иако е забавно да се вклучат во игри со играчи од целиот свет, децата треба да задржат ниво на анонимност за да се заштитат од оние кои можеби немаат најдобри намери.
Обезбедете ги акаунтите на вашите деца: Побарајте посилна заштита од лозинки. Многу провајдери на акаунти нудат дополнителни начини за да проверат кој сте вие пред да може да играте игри на нивниот веб-сајт.
Лозинките нека бидат долги и силни: Комбинирајте ги големите и малите букви со броеви и симболи за да креирате посигурна лозинка.
Помогнете им на вашите деца да го контролираат своето онлајн присуство: Кога тоа е достапно, поставете ги поставките за приватност и безбедност на веб-страниците на ниво со кое сте удобни во однос на споделувањето на информации. Потсетете ги дека е во ред да се ограничи како и со кого ги споделуваат информациите.
Направете вашите деца да користат аватар наместо вистинска слика од нив.
Говорната комуникација користете ја на безбеден начин или немојте воопшто да ја користите. Ако вашите деца играат игра која има разговор во живо, бидете сигурни дека тие го маскирале својот глас. Ако играта ја нема оваа функција, не дозволувајте да користат говорна комуникација.
Бидете мудри кога сте на веб.
Бидете информирани за најновите случувања на интернет, знајте што да направите ако нешто тргне наопаку и бидете свесни што прават вашите деца кога се онлајн.
Бидете тековно информирани. Одржувајте темпо со новите начини за да останете безбедни онлајн. Проверете ги доверливите веб-страници за најновите информации, споделете ги со вашите деца и поттикнете ги да бидат мудри кога се на веб.
Размислете пред да дејствувате: Научете ги вашите деца да бидат внимателни при комуникација кога од нив се бара да дејствуваат веднаш, нудејќи нешто што звучи премногу добро за да биде вистинито или барајќи лични информации. Тие не треба да прифаќаат преземања од непознати лица. Ова вклучува чит-програми кои можеби тврдат дека ќе им помогнат да бидат подобри во играта, но реално носат во себе малициозен софтвер.
Научете како да блокирате и/или пријавите сајбер-силеџија. Снимајте го разговорот ако се малтретирани и ги охрабрете ги да не влегуваат во комуникација со силеџијата.
Прочитајте и разберете ги информациите за дозволената возраст за игрите што ги играат вашите деца. Некои сајтови за игри имаат повеќе игри со различни дозволени возрасти, па затоа проверете ги сите.
Учествувајте во играта со вашите деца.
Биди добар онлајн граѓанин.
Лесно е да се кажат некои работи седејќи позади компјутерски екран кои никогаш нема да му ги кажете некому в лице. Потсетете ги вашите деца да бидат исто љубезни онлајн како што би биле во реалниот свет.
Побезбедно за мене, побезбедно за сите: Она што вие и вашите деца го правите онлајн има потенцијал да влијае на сите – дома, на работа и во целиот свет. Практикувањето на добри онлајн навики придонесува за целата глобална дигитална заедница.
Почитувајте ги другите играчи. Играњето игри отсекогаш била поволна околина за започнување разговор кој може да ги провоцира другите играчи. Онлајн игрите треба да бидат место каде што се практикува фер спортски однос.
ЗАСТАНИ. Пред да го користите интернетот, одвојте време за да ги разберете ризиците и за да научите како да ги забележите потенцијалните проблеми.
РАЗМИСЛИ. Здивнете за да бидете сигурни дека патот напред е јасен. Барајте предупредувачки знаци и размислете како вашите активности онлајн можат да влијаат на вашата или на безбедноста на вашето семејство.
ПОВРЗИ СЕ. Уживајте во Интернетот со поголема доверба, знаејќи дека сте ги направиле вистинските чекори за да се заштитите себе си и вашиот компјутер.
Дополнителни ресурси:
• Sony Playstation Knowledge Center: http://us.playstation.com/support/parents/index.htm
• Microsoft XBOX – GetGameSmart: www.getgamesmart.com

Check Also

Насоки за безбедност на веб-сервери

Веб-серверите често се цел на напади и обиди за експлоатација. Неправилното конфигурирање и на веб-серверите …