Почеток / Настани / Настани во склоп на Европскиот месец на сајбер безбедност

Настани во склоп на Европскиот месец на сајбер безбедност

По повод 5 годишнината на Европскиот месец за сајбер безбедност, во октомври, Т&П Консалтинг во соработка со МАСИТ, Пиперевски и Соработници, ПЕ2020 и Воената Академија ќе организира три настани за промоција на сајбер безбедноста во Македонија.

Настаните ќе се одржат во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје. Теми на дискусија ќе бидат можностите и предизвиците за бизнис секторот, владиниот и здравствениот сектор во Македонија.

  • Сајбер безбедност: Предизвици за владиниот сектор – 3ти октомври 2017
  • Најновите трендови во ЕУ; Директива за безбедност на ИТ системи
  • Нови предизвици за заштита на лични податоци
  • Развој на настаните од областа на сајбер безбедноста во Македонија
  • Стратегии за одбрана при сајбер напади
  • Сајбер криминал и сајбер војување
  • Како македонскиот ИТ сектор да ја поддржи владата при справување со сајбер напади

Повеќе информации за настанот на официјалната веб страница, пријава за учество на следниов линк.

  • Сајбер безбедност: Предизвици за бизнис секторот – 5ти октомври 2017
  • Промени во регулативата : Можности и предизвици
  • Улога на ИТ секторот во сајбер безбедноста
  • Придонес/ вклученост на бизнис секторот во развојот на националните стратегии;
  • Новости од областа на сајбер закани
  • Сајбер компетенции за менаџери
  • Како да бидете чекор напред и како да се заштитите

Повеќе информации за настанот на официјалната веб страница, пријава за учество на следниов линк.

  • Сајбер ризици во здравствениот сектор – 24ти октомври 2017
  • Сајбер ризици во модерната медицинска опрема
  • Сајбер ранливости на здравствените ИТ системи
  • Усогласување со регулативата на ЕУ-предизвици за добавувачите на услуги
  • Регулативата за заштита на личните податоци и конкретни насоки за здравствениот сектор
  • Позитивни искуства и решенија (Систина, Филип II)

Повеќе информации за настанот на официјалната веб страница, пријава за учество на следниов линк.

Целта на настаните е подигнување на свеста за сајбер нападите меѓу граѓаните и организациите, насочување на македонскиот ИТ сектор кон пружање поддршка на владиниот сектор при справувањето со сајбер нападите итн.