Почеток / Вести / Потпишан Меморандум за соработка меѓу MKD-CIRT и KOS-CERT

Потпишан Меморандум за соработка меѓу MKD-CIRT и KOS-CERT

Почитувани, Ве информираме дека денес на 20.02.2018 беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), како дел од Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија и Националната единица за сајбер безбедност (KOS-CERT) како дел од Регулаторниот авторитет за електронски и поштенски комуникации на Република Косово (RAEPC).
На средбата по повод потпишување на меморандумот за соработка меѓу националните CERT тимови на Република Македонија и Република Косово, Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски и Претседателот на одборот на RAEPC, Крешник Гаши посветија особено внимание на активностите кои двете регулаторни тела и националните CERT тимови ги спроведуваат во насока на подобрување на сајбер безбедноста и координација на активностите за заштита од компјутерски инциденти. Се разговараше и за отпочнување на соработка меѓу MKD-CIRT и KOS-CERT согласно потпишаниот Меморандум за соработка при справување со инциденти во сајбер-просторот, разменување на искуства во областа на сајбер-безбедноста и создавање можности за учество во меѓународни активности, како и соработка во делот на обуки и програми насочени кон градење на капацитетите на тимовите.

Check Also

Објавен новиот извештај Global Cybersecurity Index v3 на ITU

Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) го објави третиот извештај за посветеност на земјите на сајбер-безбедност. …