Почеток / Вести / Прва национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво

Прва национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво

На 8 мај 2018 година, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT во соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје ја организираше Првата национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво. Настанот се одржа во хотел Арка, Скопје. За прв пат во Република Македонија учествуваа 45 учесници од 35 организации од владиниот, јавниот и приватниот сектор, како и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Цел на настанот беше подобрување на соработката и координацијата на национално ниво во справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти. Настанот вклучи и симулациска вежба за напад на системи од критична инфраструктура и координација на одговорот при справување со инцидентот.

 

 

Check Also

Објавен новиот извештај Global Cybersecurity Index v3 на ITU

Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) го објави третиот извештај за посветеност на земјите на сајбер-безбедност. …