Почеток / Бизнис корисници / Резервна копија на вашите податоци (Backup)

Резервна копија на вашите податоци (Backup)

 

Размислете кои податоци се критични за вашето работење. Детали за корисниците, понуди, нарачки, фактури за плаќањата. Сега размислете колку долго би можеле да работите без нив.

Сите бизниси, без оглед на големината, треба да прават редовни резервни копии на нивните важни податоци и да осигурат дека овие резервни копии се ажурирани и од нив можат да се вратат назад податоците. Со тоа, обезбедувате дека вашиот бизнис може да функционира и ако се случи поплава, пожар, физичко оштетување или кражба на опрема и документи. Ако имате резервни копии на вашите податоци кои можете брзо и целосно да ги повратите, не може да бидете уценувани преку сајбер-напади со софтвер за уцена – рансомвер (ransomware).

Следуваат 5 работи што треба да ги  преземете кога правите резервна копија од вашите податоци (бекап).

Совет 1: Идентификувајте ги податоците за кои треба да направите резервна копија

Вашиот прв чекор е да ги идентификувате податоците кои се важни за вашето работење и без кои   вашиот бизнис не може да функционира. Вообичаено тоа се документи за нарачки и плаќања, фотографии и скенирани документи, е-пошта, контакти, фактури, потврди за платени сметки и календари, од кои повеќето се чуваат во само неколку папки на вашиот компјутер, телефон, таблет или мрежен уред за складирање на податоци.

Совет 2: Чувајте ја резервната копија одделно од вашиот компјутер

Без разлика дали копијата е запишана на USB-стик, на посебен уред (екстерен диск) или посебен компјутер, пристапот до резервните копии треба да биде ограничен, така што:

• не се достапни за вработените

• не се трајно поврзани (физички или преку локална компјутерска мрежа) на уредот на кој се наоѓаат оригиналните податоци

Софтверот за уцени „рансомвер“ (ransomware) и другите видови малициозен софтвер (malware) честопати може автоматски да се префрлат на уредот за складирање каде е запишана резервната копија, што значи дека секоја таква резервна копија исто така може да биде инфицирана, оставајќи ве без резервна копија за враќање на податоците. За поголема отпорност, треба да размислите за складирање на резервните копии на друга физичка локација, така што пожар или кражба не би резултирале во губење на резервната копија. Решенијата за складирање во облак – cloud storage (видете подолу) се економичен и ефикасен начин за да се постигне ова.

Совет 3: Размислете за користење на услуги за складирање податоци во облак

Најверојатно веќе користите складирање во облак во секојдневната работа и приватниот живот, дури и без да знаете – освен ако не користите ваш сопствен сервер за е-пошта, вашите електронски пораки се веќе „во облакот“. На пример, контактите запишани на мобилниот телефон чест автоматски се запишуваат во облак, исто како и копија од комуникацијата преку апликациите како Viber, Messenger и WhatsApp.

Користење на складирање на податоци во облак (кога давателот на услуги ги чува вашите податоци на негова инфраструктура) значи дека вашите податоци се физички одделени од вашата локација. Дополнителна придобивка е високото ниво на достапност. Давателите на услуги можат да обезбедат за вашата организација складирање на податоци и веб-услуги без потреба однапред да инвестирате во скап хардвер. Повеќето даватели на услуги нудат бесплатен, но ограничен простор за складирање податоци и поголем капацитет за складирање за минимална цена за малите бизниси.

Совет 4: Креирањето на резервни копии нека бидат дел од вашите секојдневни деловни активности

Голем дел од решенијата за мрежно или складирање во облак овозможуваат автоматски да правите резервни копии без да поседувате напредни технички предзнаења. На пример, кога нови датотеки од одреден тип се чуваат во дефинирани директориуми на кои е активно автоматско креирање на резервна копија. Автоматизираното правење резервни копии заштедува време и гарантира дека ја имате најновата верзија на вашите датотеки, секогаш кога ви се потребни.

Многу готови решенија за резервни копии се лесни за инсталирање и прифатливи во однос на цената со оглед на заштитата на критичните податоци што ја нудат. При изборот на решение треба да размислите за колкав капацитет на податоци треба да направите резервна копија и колку брзо треба да бидете во можност да пристапите до податоците по каков било инцидент.

Корисни линкови

Бесплатни алатки за правење на резервна копија (backup)

EaseUS Todo Backup, https://www.easeus.com/backup-software/personal.html

AOMEI Backupper Standard, https://www.backup-utility.com/download.html

Cobian Backup, http://www.cobiansoft.com/index.htm

FileFort Backup, https://www.nchsoftware.com/backup/index.html

BackUp Maker, http://www.backupmaker.com/

Бесплатни услуги за чување на податоци во облак

MiMedia, http://www.mimedia.com/

  • Овозможува бесплатно користење на 10 GB online простор и овозможува автоматизиран backup

IDrive Basic, https://www.idrive.com/idrive/signupFree

  • Овозможува бесплатно користење на 5 GB простор и неограничен број на уреди.

Jottacloud Free, https://www.jottacloud.com/en/home/

  • Овозможува бесплатно користење на 5 GB простор и неограничен број на уреди.

Memopal, https://www.memopal.com/

  • Овозможува бесплатно користење на 3 GB простор и можност за користње на разни типови уреди и повеќето оперативни системи.

ElephantDrive Lite Edition, https://www.elephantdrive.com/home/pricing-and-plans/

  • Бесплатна верзија на комерцијална алатка. Овозможува бесплатно користење на 2 GB простор и можност за користење на најмногу 3 уреди, шифрирање и автоматски backup.

Check Also

Онлајн обука за заштита од фишинг напади

Оваа кратка online обука има за цел да ги објасни фишинг нападите, како се изведуваат …