Почеток / Вести / Потпишан Меморандум за соработка на АЕК со Агенција за цивилно воздухопловство

Потпишан Меморандум за соработка на АЕК со Агенција за цивилно воздухопловство

На денешниот состанок одржан во просториите на АЕК, директорите на Агенцијата за електронски комуникации – Сашо Димитријоски и Агенцијата за цивилно воздухопловство – Горан Јандреоски потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на работата во двете институции.

Во рамките на овој Меморандум, договорните страни ќе соработуваат во размена на информации во врска со компјутерската и мрежната безбедност, сајбер безбедноста, електронските комуникации и инциденти по компјутерска и информациска безбедност.

Check Also

Работилница за Координација и комуникација при одговор на инциденти за компјутерска безбедност, 15-17 октомври 2019

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, во соработка …