Почеток / Вести / Обуки за процена на ранливости во MKD-CIRT

Обуки за процена на ранливости во MKD-CIRT

Националниот центар за одговор на компјутерски иницденти MKD-CIRT организираше дводневни обуки за процена на ранливости кај ИКТ системите. Обуките ги посетија 30 лица од организации од јавниот и владиниот сектор и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Основна цел на овие обуки е јакнење на капацитетите во јавниот и владиниот сектор.

Преку практична настава, оваа обука имаше за цел градење на вештини за управување како треба да се води процената на ранливостите, земајќи ги во предвид деловните ризици и клучните деловни проблеми. Со обуката беа опфатени теми како:

  • Дефинирање на и вовед во процена на ранливост, искористување, закана и ризик, како и пенетрациско тестирање,
  • Ранливоста како компонента на ризикот, Животен циклус на ранливости, Видови на закани, Мотиви за искористување,
  • Отпочнување на пенетрациско тестирање (Отпечаток и извидување) и
  • Видови на пенетрациско тестирање.

Обуките се реализираа во две групи на 12-13 и 19-20 декември 2018 во просториите на MKD-CIRT со практични вежби на виртуелизирани околини.

Check Also

Објавен новиот извештај Global Cybersecurity Index v3 на ITU

Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) го објави третиот извештај за посветеност на земјите на сајбер-безбедност. …