Почеток / Вести / Објавен новиот извештај Global Cybersecurity Index v3 на ITU

Објавен новиот извештај Global Cybersecurity Index v3 на ITU

Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) го објави третиот извештај за посветеност на земјите на сајбер-безбедност. Глобалниот индекс на сајбер-безбедност (Global Cybersecurity Index – GCI) е доверлива референца која ја мери посветеноста на земјите на сајбер-безбедноста на глобално ниво, со цел да се подигне свеста за важноста и различните димензии на прашањето. Со оглед на тоа што сајбер-безбедноста има широка област на примена, опфаќа многу индустрии и различни сектори, нивото на развој или ангажирање на секоја земја се проценува по пет столба – (i) Правни мерки, (ii) Технички мерки, (iii) Организациски мерки, (iv ) Градење на капацитети, и (v) Соработка. Потоа поединечните  постигнувања се агрегираат во вкупен резултат. Нашата земја е на 21 место во Европа и 34 место во светот, и е во групата земји со висока посветеност на сајбер безбедност. Извештајот може да го преземете директно од веб сајтот на ITU, на следниот линк: https://www.itu.int/en/ITU-D/Cybersecurity/Pages/global-cybersecurity-index.aspx

Check Also

Обуки за процена на ранливости во MKD-CIRT

Националниот центар за одговор на компјутерски иницденти MKD-CIRT организираше дводневни обуки за процена на ранливости …