Почеток / Вести / Корисниците на WhatsApp треба итно да ја ажурираат апликацијата

Корисниците на WhatsApp треба итно да ја ажурираат апликацијата

WhatsApp денес објавија ранливост што може да им дозволи на корисниците на телефоните да бидат компромитирани. WhatsApp изјавија дека станува збор за насочена кампања и дека “десетина” сметки би можеле да бидат засегнати. Безбедносното соопштение на WhatsApp можете да го прочитате на следнииот линк: https://www.facebook.com/security/advisories/cve-2019-3568

Компанијата изјавила дека мал број сметки се засегнати и им препорачала на своите корисници како мерка на претпазливост да ги ажурираат своите WhatsApp апликации користејќи стандардни надградби од продавницата на апликации.

MKD-CIRT како стандрадна препорака им препорачува на корисниците да го заштитат својот уред со инсталирање на ажурирања штом истите ќе станат достапни. Тие содржат витални безбедносни надградби за да помогнат во заштитата на вашите уреди како лаптоп, паметен телефон или таблет. Исто така, препорачуваме да се вклучи автоматска надградба на уредите.

Засегнатите верзии на апликацијата се однесуваат на:

WhatsApp за iOS пред v2.19.51
WhatsApp за Тизен пред v2.18.15
WhatsApp за Android пред v2.19.134
WhatsApp Business за iOS пред v2.19.51
WhatsApp Business за Android пред v2.19.44
WhatsApp за Windows Phone пред v2.18.348

Како да се ажурира WhatsApp?

Андроид: Посетете ја продавницата Play Store, кликнете на менито и изберете ‘Мои апликации и игри’. Изберете Ажурирање веднаш до WhatsApp messenger.

iPhone: Посетете ја продавницата на апликации, кликнете на ажурирања и освежете. Изберете ажурирање веднаш до WhatsApp messenger

Windows Phone 8.1: Посетете ја продавницата и одберете мени. Кликнете на “Мои апликации” и одберете WhatsApp за да ја ажурирате апликацијата.

Windows Phone 10: Посетете ја продавницата на Microsoft и кликнете на ‘Мени’. Изберете “Моја библиотека” и изберете “Ажурирај” веднаш до WhatsApp.

Check Also

Онлајн обука за заштита од фишинг напади

Оваа кратка online обука има за цел да ги објасни фишинг нападите, како се изведуваат …