Почеток / Вести / Јавна расправа по Предлог за Национална таксономија за сајбер-инциденти

Јавна расправа по Предлог за Национална таксономија за сајбер-инциденти

Агенцијата за електронски комуникации отвара јавна расправа по Предлог за Национална таксономија за сајбер инциденти.

Националната таксономија за сајбер-инциденти е активност предвидена со Акцискиот план за имплементација на Стратегија за сајбер безбедност 2018 – 2022 година. Во насока за реализација на Цел 1: Сајбер отпорност, дел за Унапредување на капацитетите и способностите на MKD- CIRT и развој на останатите CSIRT/CERT/CIRT тимови, дефинирана е задача 1.1.3 Развој на национална таксономија за сајбер инциденти.

Предлог за Национална таксономија за сајбер инциденти

Се повикуваат сите заинтересирани субјекти да ги достават своите мислења и забелешки по предметот на јавната расправа што ќе биде отворена почнувајќи од 31.10.2019 до 02.12.2019 до 12:00 часот на следната адреса:

Агенција за електронски комуникации – коментари на Предлог за Национална таксономија за сајбер инциденти.

Kej Димитар Влахов бр. 21

1000 Скопје

или на адреса за е-пошта: contact@mkd-cirt.mk

Check Also

Онлајн обука за заштита од фишинг напади

Оваа кратка online обука има за цел да ги објасни фишинг нападите, како се изведуваат …