Почеток / Uncategorized @mk / Услуга за пријава на сомнителни пораки испратени по е-пошта

Услуга за пријава на сомнителни пораки испратени по е-пошта

Како да пријавите потенцијална фишинг порака преку услугата за Пријава на сомнителни пораки испратени по е-пошта

Сајбер-криминалците често ги користат фишинг-нападите како начин за компромитација на клиентските уреди. Цел на фишинг-нападите е да се убеди корисникот да кликне на линк испратен во порака по е-пошта или во SMS порака, да отвори додаток преку кој ќе се инфицира компјутерот или да откриете осетливи информации (како на пример детали за банкарски сметки и параметри за најава на службени системи).

Фишинг-пораките се повеќе изгледаат како веродостојни, но се штетни. Кога ќе се кликне на линк или ако се отвори документ кој е испратен како додаток (attachment) со фишинг-пораката, може да го инфицираат вашиот компјутер или да ви украдат податоци како лозинки и детали за кориснички сметки.

Дали сте забележале сомнителна фишинг-порака?

Ако сте добиле порака по е-пошта за која не сте целосно сигурни во нејзината веродостојност и се сомневате дека е фишинг-напад, препратете ја до нашата онлајн Услуга за пријава на сомнителни пораки, на следната адреса:

prijavi@mkd-cirt.mk

Сомнителната порака може да е компанија или адреса од која вообичаено не добивате пораки, или од лице што не го познавате. Ако пораката ви изгледа сомнително, треба да ја пријавите. Вашата пријава на фишинг-порака ќе ни помогне да реагираме побрзо, и на тој начин да се заштитат повеќе корисници од штетното влијание на пораката.

Во мал број случаи може да се случи вашата порака да не дојде до нас, заради системите за детекција во комуникацијата меѓу вашиот сервис за е-пошта и MKD-CIRT.

Веќе пријавивте сомнителна порака? Што е следно….

MKD-CIRT ќе ја анализира сомнителната порака, нејзината содржина, адресата на испраќачот, додатоците и веб-страниците кон кои водат линковите од содржината на пораката.

Доколку откриеме активност за која веруваме дека е штетна, ние ќе:

  • побараме блокирање на адресата од која е испратена пораката, со цел да не може повеќе да се праќаат фишинг-пораки преку неа
  • соработуваме со хостинг-компаниите за да се избришат линковите кои водат до малициозните веб-сајтови
  • објавиме корисни информации за пријавените фишинг-пораки за да се заштитат останатите корисници, при тоа целосно анонимизирајќи ги објавените податоци, со цел целосна заштита на податоците за пријавувачот.

Доколку сомнителната порака има додаток, преку нашиот систем за автоматска анализа на малвер ќе го провериме додатокот дали е малициозен, и во тој случај ќе добиете одговор на адресата за е-пошта од која сте ни ја пратиле сомнителната порака.

Важно: Оваа услуга не се користи за пријава на сајбер-криминал. Ако мислите дека сте жртва на онлајн измама или сајбер-криминал, истото треба да го пријавите во Министерството за внатрешни работи.

Како да се заштитите од фишинг-напади и како да бидете безбедни на Интернет?

Ви благодариме доколку сте пријавиле до нас сомнителна порака. Вашата пријава ќе ни помогне во истражување и прекин на криминални активности што користат фишинг-напади.

Има повеќе начини како да се заштитите од овие напади и на веб-страницата на MKD-CIRT ќе најдете повеќе совети и обуки, еве некои од нив:

Како ги користиме информациите што ни ги праќате?

  • Информацијата пратена до MKD_CIRT се штит на ист начин како и доверливите податоци, безбедно и со ограничен пристап;
  • MKD-CIRT во објавите и споделување на информации со трети лица нема да споделува податоци за испраќачот
  • Во одредени случаи MKD-CIRT може да сподели информации со Министерството за внатрешни работи, исклучиво во насока за поддршка на нивни истражувања;
  • Повеќе детали за начинот како MKD-CIRT прима, обработува и користи информации ќе најдете во нашата Политика за откривање на информации и Прилог – Користење на TLP (Traffic Light Protocol) за споделување на информации

Check Also

Насоки за безбедност на веб-сервери

Веб-серверите често се цел на напади и обиди за експлоатација. Неправилното конфигурирање и на веб-серверите …