Loading Events

« All Events

Обука за имплементација на ISO 27001 – Група 2 (19-23 декември 2022)

19.12.22 @ 8:00 am - 23.12.22 @ 5:00 pm

Цел на обука со вклучено полагање и можност за здобивање на меѓународно признаен сертификат за имплементатор на ISO 27001 стандардот е посетителите да се здобијат со тренинг за имплементација на Систем за управување со информациска сигурност според ISO / IEC 27001 меѓународниот стандард дополнета и прилагодена на регулативата за електронски комуникации во земјата, за контролите за информациска безбедност/сигурност кои се применуваат кај операторите. Вклучено во обуката и без дополнителни трошоци е и полагање со цел посетителите да се здобијат со меѓународно признат сертификат за имплементатори на стандардот ISO/IEC 27001, како потврда на усвоените знаења.

Обуката е наменета за лица вработени кај операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, како и за конституентите на MKD-CIRT. Обуката е бесплатна и ограничена на смао еден вработен од една органзиација/оператор

Бројот на учесници е ограничен на најмногу 12 учесници за овој термин. Обуката е бесплатна и ќе се спроведе во просториите на Агенција за електронски комуникации, кеј Димитар Влахов 21, Скопје.

Со пополнување на оналјн формата на оваа страница вршите резервација на вашето место во обуката. Потоа задолжително треба да го пополните, потпишете и испратите MS Word образецот од следниот линк, кој треба да го испратите по пошта на адреса на Агенцијата и дополнително скениран на contact@mkd-cirt.mk.

20221116_Obrazec za registracija za Obuka za implementacija na ISO 27001-web

Следува Агенда за обуката:

Обука за имплементација на ISO 27001

Ден 1: Вовед во ISO/IEC 27001 и иницирање на ISMS

  • Систем за управување со безбедност на информации (ISMS)
  • Иницирање имплементација на ISMS
  • Разбирање на организацијата и појаснување на целите за безбедност на информациите
  • Анализа на постоечкиот систем за управување
  • Формализација и одобрување на проектот ISMS

Ден 2: Планирање на имплементација на ISMS и регулатива

  • Опсег на ISMS
  • Политики за безбедност на информациите
  • Избор на пристап и методологија за проценка на ризикот
  • Проценка и Третман со ризик
  • Прифаќање на ризик
  • Изјава за применливост и овластување од раководството за имплементација на ISMS

Ден 3: Имплементација на ISMS

  • Дефиниција на организациската структура на информациската безбедност
  • Дефиниција на процесот на управување со документи
  • Дизајн на безбедносни контроли и изготвување специфични политики и процедури
  • Обука, свесност и комуникација
  • Спроведување на безбедносни контроли
  • Управување со инциденти
  • Управување со операции

Ден 4: Мониторинг на ISMS, постојано подобрување и ревизија

  • Мерење на ISMS
  • Внатрешна ревизија
  • Преглед на менаџментот
  • Континуирано подобрување

Ден 5: Испит за сертификација

  • Затворање на обуката и подготовката за испит
  • Спроведување на испитот

Откако успешно ќе го положите испитот, можете да аплицирате за еден од сертификатите во зависност од искуството и работни сати на проекти и тоа:

  • Привремен имплементатор (без искуство)
  • Имплементатор (две години со последна година на тема ISMS)
  • Водечки имплементатор (пет години со две последни години на тема ISMS)

Обуката ќе се изведува од 08:30 до 16:30 часот со пауза за ручек. Ручек не е обезбеден.

Details

Start:
19.12.22 @ 8:00 am
End:
23.12.22 @ 5:00 pm

Venue

Агенција за електронски комуникации
Кеј Димитар Влахов 21
Скопје, 1000 Macedonia
Phone:
02/3091-232
View Venue Website

Organizer

Исполнет е максимално дозволениот број на учесници.