AntiBotNet


ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ

Откриени дополнителни информации за малициозни содржини во апликацијата CCleaner

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Според известување на безбедносни експерти од компанијата Cisco Talos Group, група непознати напаѓачи кои ги презеле серверите на компанијата Piriform со цел дистрибуција на верзија од апликацијата CCleaner со малициозна содржина, во втората фаза од нападот како цел имале најмалку 20 меѓународни технолошки корпорации. Претходно оваа недела од компанијата Avast беше објавено дека втората фаза од нападот не е активирана и дека корисниците на заразените компјутери мораат да преземат нова верзија од апликацијата со цел да се заштитат од евентуални напади.

Меѓутоа, во текот на анализата на контролните сервери е откриена злонамерна содржина наменета за точно одредени компјутери. Според извештајот, таргетирани биле следните корпорации:

  • Google
  • Microsoft
  • Cisco
  • Intel
  • Samsung
  • Sony
  • HTC
  • Linksys
  • D-Link
  • Akamai
  • VMware

Со понатамошна анализа е утврдено дека злонамерната содржина која е дистрибуирана за време на првата фаза од нападот предизвикала зараза на над 700.000 уреди, додека со втората фаза се заразени 30 компјутери кои се избрани врз основа на називот на компјутерот, неговата IP адреса и име на домен.

Извор: The Hacker News

Известување од Cisco Talos

Децата може да бидат изложени на опасност кога се онлајн. Научете ги што можат, а што не можат да споделуваат преку интернет.

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Децата не секогаш знаат што е, а што не е соодветно да им кажат на луѓето преку интернет. Бидете сигурни дека вашите деца знаат што се лични информации во однос на тоа што можат да разберат со кого треба и не треба да зборуваат. Објаснете им на вашите деца зошто одредени информации не треба да се споделуваат. Отворена и чесна дискусија со вашето дете е најдобриот начин да го подготвите да биде одговорно и безбедно и да му помогнете да ја разбере важноста на приватноста.

Претставување на лажни веб-страници како официјални. Пристапувајте до вашите банкарски сметки така што рачно ќе ја внесете веб-адресата.

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Лажните веб-страници честопати изгледаат речиси идентично како официјалните веб-страници. Може да кликнете на линк кој изгледа легитимен во е-пошта и да биде насочени кон веб-страница која е друг URL. Единствениот начин апсолутно да се осигурате дека се логирате на соодветната веб-страница е рачно да ја напишете веб-адресата во вашиот интернет пребарувач. Не кликнувајте на линкови до веб-страната на вашата финансиска институција, бидејќи истите не секогаш се легитимни.

Добредојдовте на веб-страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Република Македонија.

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви.

  • Key ID: 0x333C00DB
  • Key Type: RSA 4096
  • Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB