AntiBotNet


ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ

Вашата картичка за пристап може да ја искористи злонамерно лице одвнатре. Секогаш треба да знаете каде е вашата картичка за пристап.

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Некој во организацијата – вклучувајќи ги соработниците и посетителите – може да ја искористат вашата картичка за пристап за да дојдат до доверливи податоци за организацијата. Секогаш осигурајте се дека вашата картичка за пристап е со вас во секое време. Носењето на вашата картичка за пристап е најдобриот начин истата да не се изгуби. Ако вашата картичка за пристап ја нема, пријавете го тоа веднаш. Ова важи и ако подоцна ја најдете вашата картичка за пристап; истата можела да биде земена, искористена и вратена назад.

Работите можат лесно да се загубат кога патувате. Земете со себе само она што ви е потребно и заклучете ги на безбедно вашите вредни предмети.

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Лесно може да се изгубат важните предмети кога патувате. Земете ги со вас само кредитните картички, документ за идентификација и пари кои ви се потребни и минимизирајте го вкупниот износ на предмети што ги носите одеднаш за да ја намалите можноста да ги заборавите. Сите важни или скапи предмети кои не ги носите со вас треба да бидат заклучени во хотелскиот сеф. Ова ги вклучува резервните начини на плаќање, како што е дополнителна кредитна картичка, која може да се користи ако ги изгубите другите предмети. Копирајте ги вашите информации за идентификација и оставете копија во сефот заради дополнителна безбедност.

Не прикажувајте чувствителни податоци на екранот од вашиот уред на јавни места.

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Безбедноста на мобилниот уред оди подалеку од едноставно обезбедување дека вашите податоци се енкриптирани и вашите конекции се безбедни. Ако на јавно место прикажувате чувствителни податоци на екранот на вашиот компјутер, истите можат да бидат прочитани од други лица. Доверливите податоци никогаш не треба да се гледаат на јавно место на начин што овозможува истите да бидат видени од друго лице. Наместо тоа, секогаш треба да ги гледате вашите чувствителни податоци во приватна средина. Ако мора да ја завршите работата на јавна локација, свртете се со грбот кон ѕидот.

Добредојдовте на веб-страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Република Македонија.

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви.

  • Key ID: 0x333C00DB
  • Key Type: RSA 4096
  • Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB