AntiBotNet


ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ

Компромитирани 500 милиони Yahoo! кориснички сметки

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Yahoo! Потврди дека се компромитирани најмалку 500 милиони кориснички имиња, адреси за електронска пошта, телефонски броеви, датуми на раѓање и шифрирани безбедносни прашања и одговори. Компромитација се случила во 2014 година, а се претпоставува дека во почетокот на Август оваа година хакер под името Peace на продажба понудил податоци за 200 милиони Yahoo! кориснички сметки.

Во известувањето од Yahoo! се наведува дека компромитираните податоци не содржат информации за кредитни картички за корисниците на сервисите на Yahoo! бидејќи тие податоци не се запишувале на серверите кои биле предмет на нападот. Меѓу податоците што хакерите успеале да ги копираат има и лозинки но тие најчесто биле запишани во хеширана форма со користење на функцијата bcrypt која се смета за отпорна на brute-force хакерски напади.

На корисниците на Yahoo! кои ги немаат променето лозинките од 2014 година им се препорачува да ја променат својата лозинка, да воведат multi-factor автентикација или да ја користат алатката за автентикација Yahoo Account Key како безбедносна проверка и замена за користење на лозинка.

Извор: itnews.com.au

Известувањето од Yahoo! Можете да го прочитате на следниот линк: An Important Message About Yahoo User Security

Повеќе информации за активирање и користење на алатката Yahoo Account Key ќе најдете на следниот линк: Set up Yahoo Account Key to stop using passwords

Добредојдовте на веб-страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Република Македонија.

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви.

  • Key ID: 0x333C00DB
  • Key Type: RSA 4096
  • Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB