Почеток / Безбедносни совети / Безбедно купување на Интернет

Безбедно купување на Интернет

Заштити се на Интернет и купувај безбедно онлајн!

Пред да започнете со купување преку Интернет, проверете дали непотребно се изложувате на ризик. Следуваат 10 совети за купување преку Интернет што ќе ви помогнат да ги чувате вашите информации подалеку од рацете на криминлаците.

СОВЕТ 1. Ако можете не користете дебитни картички

Кога купувате преку Интернет, најдобро е да се користат кредитни картички или платежни услуги како Paypal. Бидејќи дебитните картички се поврзани со вашата банкарска сметка, вие сте изложени на многу поголем ризик ако некој криминалец дојде до вашите податоци. Консултирајте се со вашата банка за најдобра заштита при плаќања преку Интернет

СОВЕТ 2. Купувајте само преку безбедни страници

Пред да внесете какви било лични или финансиски податоци на страницата од  која сакате нешто да купите, проверете дали страницата на која се наоѓате е легитимна и безбедна. Најлесен начин да се докаже е да побарате „https“ на почетокот на адресата на страницата. Ако не видите „s“ на крајот од „http“, тогаш страницата не е шифрирана и вашите податоци нема да бидат безбедни. За ваша заштита сите легитимни страници за шопинг ќе имаат „s“ и адресата ќе започнува со https.

СОВЕТ 3. Ажурирајте го вашиот софтвер

Ажурирањето на вашиот софтвер е една од најлесните работи што можете да ги направите за да ги заштитите вашите податоци, но многу луѓе ја одложуваат оваа активност. Ажурирањата на софтверите се објавуваат често со цел да помогнат во подобрувањето на безбедноста и борбата против новите напади што постојано се развиваат. Можеби изгледа незгодно да мора да чекате вашиот компјутер (или вашиот паметен телефон) да помине низ ажурирања и да се рестартира, но заштитните придобивки вредат. Следниот пат кога ќе видите предупредување за ажурирање на вашиот софтвер, сторете го тоа без одложувања.

СОВЕТИ 4. Измами преку е-пошта

Празниците се одлично време за измамниците по е-пошта да испраќаат вируси и малициозен софтвер, маскирани како подарок или специјална понуда. Не отворајте е-пошта од некој што не го познавате или од страница што не сте ја посетиле. Друг начин на кој криминалците се обидуваат да ве измамат е со лажни пораки од вашата банка или друга финансиска институција кои велат дека има предупредување или проблем со вашата сметка. Секогаш јавувајте се во банка за да проверите сомнителни активности и никогаш не внесувајте ги податоците за вашата сметка како одговор на ваква е-пошта.

СОВЕТ 5. Не кликнувајте на сомнителни линкови

Пазете се од линкови на веб-страници или на социјалните мрежи за понуди и зделки што се премногу добри за да бидат вистинити. Направете истражување или дознајте дали некој друг се обидел да ја искористи зделката пред да кликнете.

СОВЕТ 6. Користете силни лозинки

Силни, безбедни и уникатни лозинки се вашите најдобри чувари кога станува збор за приватноста на вашите податоци. Ако ја користите истата лозинка за повеќе страници, одвојте време да ги промените. Доколку сте во можност, Ви препорачуваме да користите менаџер за лозинки.

СОВЕТ 7. Никогаш не давајте повеќе информации отколку што е неопходно

Повеќето веб-страници кои ги посетувате или каде купувате ќе ве прашаат за ваши податоци за да го завршите купувањето. Дајте им само информации што се неопходни. Ако целосната адреса или телефонски број е опционална, прескокнете ги овие полиња. Пред да ги оставите вашите податоци на некоја страница, одвојте време да ја прочитате нивната политика за приватност и да разберете каде ќе се чуваат и како ќе се споделуваат вашите информации.

СОВЕТ 8. Не користете јавни Wi-FI мрежи

Бидејќи јавните мрежи не се обезбедени, секоја информација што ја внесувате преку јавна мрежа може да биде украдена или пресретната. Не најавувајте се на банкарски страници или страници за плаќање како Paypal преку јавна мрежа, и проверете дали сте одјавени од такви страници на мобилните уреди пред да се поврзете на јавна мрежа.

СОВЕТ 9. Бидете паметни во врска со апликациите за купување

Преземајте (мобилни) апликации за онлајн-купување само од сигурен извор, како што е Apple App Store или Android Market. Плати атенти

СОВЕТ 10:  Заклучете ги уредите преку кои пристапувате на Интернет

Една од поволностите на купувањето преку Интернет е тоа што можете да го направите од каде било и да користите кој било уред. Бидете сигурни дека секој уред од кој купувате има безбедносен софтвер. Секогаш користете лозинка или шифра за пристап до вашиот таблет или паметен телефон и одјавете го вашиот компјутер или заклучете го екранот кога ќе се оддалечите од него. По користењето на веб-страницата за купување или банкарство, не заборавајте да се одјавите од страницата (logout) и не дозволувајте прелистувачите и вашиот компјутер или уред да ги запомнуваат корисничките имиња, лозинки или информации за кредитни картички.

 

Извор: https://www.safewise.com/blog/10-cybersecurity-tips-for-online-shopping/