RFC2350

1. Преглед

1.1. Вовед

Со овој документ се опишува работата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, понатаму MKD-CIRT и е поделен во неколку делови. Секој дел дава насоки и процедури како констиуентите на најдобар начин да пријавуваат компјутерски инциденти до MKD-CIRT.

1.2. Цел

Овој документ содржи опис за MKD-CIRT согласно rfc2350. Во него се содржани информации за членовите и тимот за одговор на компјутерски безбедносни инциденти што го сочинуваат MKD-CIRT, информации за контакт со тимот како и опис на одговорностите и услугите што ги нуди MKD-CIRT.

1.3. Опсег

Оваа политика ги опфаќа конституентите на MKD-CIRT.

1.4. Референции / Врски

[1] RFC2350 шаблон.

[2] Упатство за пријава на инциденти од конституентите.

1.5. Дефиниции и кратенки

КратенкаДефиниција
PGPPretty Good Privacy
CERTComputer Emergency Response Team
CIRTComputer Incident Response Team
CSIRTComputer Security Incident Response Team

2. Информација за документот

2.1. Датум на последна промена

Ова е верзија 1.0 од документот објавена на 01.02.2015 година.

Оваа верзија на документот е со важност се до објава на нов документ со следен број на верзија.

2.2. Дистрибуциски листи за известувања

Промените на овој документ не се дистрибуираат преку листа на адреси за е-пошта, RSS или било кој друг начин. Ве молиме Вашите прашања или забелешки да ги испраќате на адресата на MKD-CIRT (види точка 3.7).

2.3. Локации каде може да се најде овој документ

Тековната верзија што е во важност постојано е достапна на официјалната веб страна на MKD-CIRT на https://mkd-cirt.mk

2.4. Автентикација на овој документ

Овој документ е потпишан со PGP клуч на MKD-CIRT.

Потписот е достапен на официјалната веб страна на MKD-CIRT на https://mkd-cirt.mk

3. Информации за контакт

3.1. Назив на тимот

Целосен назив: Национален центар за одговор на компјутерски инциденти.

Скратен назив: MKD-CIRT

3.2. Адреса

Агенција за електронски комуникации

Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

ул. Кеј Димитар Влахов број 21

1000 Скопје

Република Македонија

3.3. Временска зона

CET / CEST

Central European Time / Central European Summer Time

3.4. Телефонски број

Централа: +389 2 3289 200

Дежурен телефонски број: +389 2 3091 232 (овој број не е достапен за цело време траење надвор од работното време. За достапноста на овој број важи принципот на најдобар напор (best effort).

3.5. Број на факсимил

+389 2 3224 611 (ова НЕ Е безбеден начин на комуникација)

3.6. Други телекомуникации

Интернет веб сајт: https://mkd-cirt.mk

3.7. Адреси за е-пошта

info@mkd-cirt.mk : оваа адреса за е-пошта се користи за размена на општи информации. Пријавување на инциденти (види подолу) преку оваа адреса треба да се избегнува.

soc@mkd-cirt.mk : оваа адреса за е-пошта се користи за известувања на инциденти до тимот на MKD-CIRT.

3.8. Информација за јавни клучеви и енкрипција

Адресите за е-пошта (info@mkd-cirt.mk и soc@mkd-cirt.mk) што ги користи MKD-CIRT го споделуваат истиот PGP клуч, како што е објаснето подолу:

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви како и на јавната веб страна на MKD-CIRT (https://mkd-cirt.mk).

Со овие клучеви се потпишува секоја комуникација од MKD-CIRT. Тие исто така се користат при секоја доверлива комуникација со MKD-CIRT (известувања за инциденти, предупредувања).

3.9. Членови на тимот на MKD-CIRT

Тимот на MKD-CIRT е составен од посветен персонал на ИТ експерти за информациска безбедност од Агенцијата за електронски комуникации. Целосна листа на членови на тимот на MKD-CIRT не е јавно достапна. При официјална комуникација во врска со компјутерски инцидент, членовите на тимот ќе се идентификуваат на страната што известува за компјутерскиот инцидент со цело име и презиме.

3.10. Други информации

Општи информации за MKD-CIRT како и врски или линкови кон други препорачани ресурси за информациска безбедност може да се најдат на јавната веб страна на MKD-CIRT (https://mkd-cirt.mk).

3.11. Точки за контакт со корисници

Денови/часови на работа на MKD-CIRT се од 08:30 до 16:30 CET од Понеделник до Петок освен државните празници во Република Македонија.

Сите известувања за инциденти треба да се испраќаат на soc@mkd-cirt.mk. Оваа адреса за е-пошта се преферира при известувања за итни, осетливи, критични или класифицирани информации, настани за информациска безбедност и пријави на инциденти.

Користењето на телефон или факс за известување на инциденти треба максимално да се избегнува.

MKD-CIRT ги охрабрува своите конституенти при размена на секоја осетлива информација да користат безбедна е-пошта (на пример PGP).

4. Повелба

4.1. Изјава за Мисија на MKD-CIRT

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT ја има следната мисија:

За исполнување на својата мисија, МКД-ЦИРТ има надлежност:

4.2. Конституенти на MKD-CIRT ги сочинуваат:

Детална листа и повеќе информации за конституентите ќе најдете на веб страната на MKD-CIRT https://mkd-cirt.mk.

4.3. Спонзорство/Поддршка и поврзаност

MKD-CIRT е спонзориран од следните ентитети во Република Македонија:

MKD-CIRT одржува врски со CERT / CSIRT заедницата преку учество на меѓународни состаноци во организација на FIRST и TF-CSIRT и други меѓународни здруженија.

MKD-CIRT има започнато постапка за пријавување во листата на Trusted Introducer (TI).

4.4. Надлежност

Со измените на Законот за електронските комуникации (Службен весник на Република Македонија број 188/2014), согласно член 26-а во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти, која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

При тоа, MKD-CIRT ги реализира следните цели:

MKD-CIRT очекува соработка со системските администратори од конституентите.

Членовите за заедницата на MKD-CIRT што сакат да поднесат жалба по активности на MKD-CIRT треба да се обратат кај одговорното лице на MKD-CIRT.

Сите членови на тимот на МКД-ЦИРТ ги имаат потребните сертификати за пристап до информации. Заради ова тие имаат широки можности за интеракција со системите, услугите и системските администратори од конституентите на MKD-CIRT.

MKD-CIRT работи согласно важечките закони во Република Македонија.

5. Политики

5.1. Типови на инциденти и нивоа на поддршка

Нивото на поддршка што го пружа MKD-CIRT варира зависно од видот и сериозноста на инцидентот, ранливоста или прашањето, како што ќе утврдат вработените во MKD-CIRT, од видот на средствата, од делот на конституентите што се засегнати како и од моментално расположливите ресурси на MKD-CIRT.

Инцидентите по информациска безбедност кај конституенти што се регистрирани во MKD-CIRT секогаш ќе имаат предност пред инцидентите кај нерегистрираните конституенти.

MKD-CIRT може да реагира по барање на еден од конституентите или доколку еден од неговите конституенти е инволвиран во инцидент по информациска безбедност.

Инцидентите на безбедност на информации се приоретизираат според нивната очигледна тежина и обем. MKD-CIRT не пружа поддршка на крајни корисници кај конституентите. Тие треба да се обратат за помош кај системските или мрежните администратори или кај претпоставените во својата организација. MKD-CIRT пружа само ограничена поддршка за крајни корисници на конституентите.

MKD-CIRT не вржи ad-hoc обуки за системски администратори кај конституентите со цел одржување на мрежата и информациските системи што се во сопственост или со кои управува конституентот. MKD-CIRT не врши одржување на системите на конституентите. MKD-CIRT може да понуди насоки кон информациите потребни за имплементација на соодветни мерки за информациска безбедност на системите и информациите кај конституентите.

5.2. Соработка, Интеракција и Откривање на информации

MKD-CIRT ги презема соодветните мерки за заштита на идентитетот на членовите на своите конституенти. MKD-CIRT споделува информации и помага доколку е истото потребно за разрешување или спречување на безбедносни инциденти.

MKD-CIRT високо ја цени важноста од оперативна соработка и споделување на информации меѓу тимовите за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (CSIRT тимови), како и со други организации кои може да допринесат кон безбедноста или од кои може да се користат нивните услуги.

MKD-CIRT ги штити осетливите информации согласно важечката регулатива во Република Македонија. Во таа насока MKD-CIRT ги почитува ознаките за чувствителност и класификација на информациите одредени од страна на доставувачот на информацијата до MKD-CIRT.

При споделување на информации MKD-CIRT додава на информацијата соодветна ознака согласно протоколот Traffic Light Protocol – TLP. MKD-CIRT ќе ја почитува TLP ознаката на примените информации доколку истата е содржана во информацијата.

Политиката за откривање на информации е достапна на веб страната на MKD-CIRT https://mkd-cirt.mk.

5.3. Комуникација и Автентикација

Префериран начин на комуникација е преку е-пошта. Доколку не е можно (или не е препорачливо од безбедносни причини) да се користи електронска комуникација (е-пошта, веб формулар), MKD-CIRT е достапен во работно време преку телефон. Надвор од работното време достапен е дежурен телефонски број но тој не го покрива целиот период и за неговата достапност се применува принципот на најдобар напор.

Со оглед на видовите информации со кои работи MKD-CIRT, телефонската комуникација може да се користи како доволно безбеден начин дури и без енкрипција. Не енкриптирани пораки по е-пошта нема да се третираат како доволно безбеден начин за комуникација, но ќе се сметаат за доволни при пренос на некласифициран или информации со ниска осетливост.

Кога е неопходно да се воспостави доверба, на пример пред пренос на информација доставена до MKD-CIRT или пред откривање на доверлива информација, потребно е да се одреди со доволна сигурност идентитетот на испраќачот.

Безбедност на комуникацијата се постигнува на разни начини: преку користење на PGP или на друг претходно договорен начин, зависно од нивото на осетливост на информацијата.

Доколку е неопходно испраќање на осетливи податоци преку е-пошта, мора да се користи енкрипција (на пример PGP). Мрежен пренос на документи се третира исто како и комуникација по е-пошта: осетливите податоци треба да се енкриптираат пред преносот. Во вакви ситуации, целата осетлива комуникација кон MKD-CIRT треба да е енкриптирана со клучот на MKD-CIRT.

Целата податочна комуникација вклучително и користењето на е-пошта што е иницирана од страна на MKD-CIRT е дигитално потпишана со користење на горе спомнатите PGP клучеви на MKD-CIRT или со клучеви за потпис на вработен во MKD-CIRT.

Користењето на енкрипција / дигитално потпишување се препорачува при испраќање на информации до MKD-CIRT, особено при испраќање на осетливи информации.

Кога се испраќа Пријава за инцидент, потребно е да се достави (1) забелешка за итноста, (2) потребата од повратна информација, и (3) да се користи формуларот приложен во дел 7.

6. Услуги

MKD-CIRT е авторизиран за управување и одговор на секако вид на компјутерски безбедносни инциденти кои што вклучуваат класифицирани и некласифицирани информации, кои што се случуваат или се закануваат да се случат во мрежите, системите и услугите на неговите конституенти.

MKD-CIRT им пружа поддршка на конституентите преку група од реактивни и проактивни услуги од областа на информациската безбедност.

MKD-CIRT постепено ќе ги воведува услугите, започнувајќи со Управување со инцидент (Incident Handling).

6.1. Одговор на инцидент

MKD-CIRT ги координира сите активности во врска со одговор на инцидент кај своите конституенти. Ние пружаме поддршка, помош и совет во врска со следните аспекти на управување со инциденти:

УслугаОпис
1Известувања и предупредувањаОткривање на детали за тековните закани и чекори кои можат да се преземат за да заштита од овие закани. Вклучува известување или предупредување за новооткриената информација за сајбер закани и слабости до конституентите со препорачан тек на акции и насоки за тоа како да се заштити системот. Известувањата може да се превентивни, предупредувачки, советодавни, и насочувачки.
2Далечински одговор на инцидентОбезбедување на техничка помош за справување со безбедносните инциденти кога ќе се појават, со цел ублажување на штетата и опоравување од инцидентот. Советите и техничката помош обично се обезбедува преку телефон или e-mail-базирана комуникација
3Одговор на инцидент на лице местоОбезбедување на техничка поддршка и совети за справување со безбедносните инциденти кога ќе се појават на лице место, со цел да се ублажи штетата и опоравување од инцидентот. Оваа услуга вообичаено е поврзана и се реализиара при инциденти од критично ниво.
4Одговор на ранливостОценување на соодветни мерки потребни за да се одговори на новооткриени слабости; да се оцени нивната сериозност и влијание, да се одлучи дали да издадат предупредувања за нив или да се потврдат или понатаму да се испита нивната тежина / влијание. Генерално, овој пристап се однесува на информации за ранливости кои се веќе јавно познати.
5Основна свест, едукација и обукаСпроведување на програми од мали размери за подигнување на јавната свест. Спроведување на основни обуки за одговор на компјутерски инциденти и основни сајбер безбедносни најдобри практики.

7. Формулар за пријава на инцидент

Известување на инцидент може да се направи на еден од следните два начини:

Анонимен начин: известување за инцидент со користење на веб формуларот (https://mkd-cirt.mk). На овој начин анонимно се пријавуваат инциденти. Инцидентите пријавени преку веб формуларот се енкриптираат пред преносот со јавен клуч на MKD-CIRT.

Стандарден начин: пријава на инцидент со користење на Образец за пријава на инцидент согласно Упатството за пријава на инциденти.