Политика за приватност

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на нашата веб-страница. Ние не собираме лични податоци за вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите порака по електронска пошта, при што доброволно ги давате вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации). Природата на Интернетот е таква да пасивно и автоматски собира податоци за навиките на корисниците на интернет, кои се идентификуваат преку нивните IP (интернет протокол) адреси. Овие IP адреси се различни за секој корисник на интернет и се доделуваат од страна на интернет провајдерите. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но во соработка со интернет провајдерите може да се открие за кое лице точно станува збор. Поради тоа IP адресата се смета за личен податок и се штити со закон.

Личните податоци на посетителите на нашата веб-страница кои се добиени заради доставување на пријава за безбедносен инцидент, се достапни само на тимот на MKD-CIRT, и тоа само заради горенаведената цел. Тимот на MKD-CIRT е законски обврзани да ги чува во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојде за време на извршувањето на неговите работни задачи.

Тимот на MKD-CIRT не може во целост да ја гарантира приватноста на електронската комуникација, и поради тоа Ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од осетлива природа преку електронска пошта.

Серверски евиденции: Нашите сервери автоматски ги евидентираат информациите за посетите на нашата интернет страна. Овие евиденции се статистички показатели кои ги користиме заради подобрување на веб-страницата, преку кои ги следиме навиките и преференците на посетителите на нашата веб-страница, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди. Вашата IP адреса, типот на интернет пребарувач, типот на оперативниот систем, траењето на посетата на страницата како и содржините кои ги гледате се евидентираат како статистички податоци во агрегатна форма. Ние не ги користиме овие податоци во комбинација со било кои други податоци заради идентификување на одредени лица. Сепак го задржуваме правото да ги прегледаме овие евиденции и да ги користиме податоците запишани во нив од безбедносни причини, како на пример откривање на упади во компјутерскиот систем на MKD-CIRT. Споредување на овие податоци со податоците кои ги имаат интернет провајдерите (преку користење на IP адресата) можат да го откријат сторителот на ваквото кривично дело.

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на веб-страницата. На страната на MKD-CIRT има само таков тип на “Cookies” што исчезнуваат по исклучувањето на интернет пребарувачот, за разлика од оние кои остануваат снимени на вашиот компјутер со години, па и децении. Со помош на ваквите датотеки, тимот на MKD-CIRT го следи движењето на посетителите на веб-страницата, и на тој начин собира податоци како да ја оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие датотеки не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле.