Natprevar Hakaton CyberMK 2022


CyberMK 2022 Cybersecurity Conference

ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ

Фишинг кампања испратена од лажен испраќач MKD-CIRT_Support

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Почитувани,

Ве информираме дека на 08.04.2022 година е забележана фишинг-кампања со лажно претставување на испраќачот како MKD-CIRT_Support од адреса за е-пошта mails@perfact-led.net, со испраќање на лажни пораки со информација за истечена лозинка на корисникот на услуги на MKD-CIRT, и со линк за промена на лозинка кој води кон фишинг сајт за собирање на податоци за најава на корисници на услугите на MKD-CIRT.

На сликата е прикажан изглед на лажната порака:

Линкот од пораката води на веб-сајт поставен на домен dxw.x1xq.cyou од каде се прави пренасочување на друга веб-страница со лажна форма за најава поставена на домен web.app.

На сликата е прикажана лажната веб-страница со форма за кражба на параметри за најава:

Не кликајте на линкот од пораката што води кон фишинг сајтот. Доколку сте добиле ваква порака по е-пошта, Ве молиме да ни ја испратите како додаток кон порака на info@mkd-cirt.mk и потоа да ја избришите.

Доколку веќе сте кликнале на линкот од пораката и доколку веќе сте ги внеле вашите параметри за најава и пристап до некоја од услугите на MKD-CIRT, најитно променете ги лозинките и пријавете на info@mkd-cirt.mk.

За заштита на корисниците, MKD-CIRT презеде мерки со пријава и барање за итен прекин на штетните активности до сопственикот и регистрарот на компромитираниот меил сервер што е злоупотребен за испраќање на овие фишинг пораки, како и до идентификуваните хостинг-компании и регистрари на компромитираните веб-страници каде се поставени малициозните фишинг содржини.

Генерални совети:

Доколку се сомневате во веродостојноста на испраќачот или пораката, истата веднаш избришете ја.

Доколку по грешка сте постапиле согласно текстот во фишинг-пораки и сте симнале додаток од пораката, најитно избришете го и направете детално скенирање со антивирусен софтвер на уредот што сте го користеле.

Доколку сте кликнале на линк од фишинг порака и на лажна веб-страница сте внеле ваши параметри за најава за користење на одредена онлајн услуга, најитно сменете ги лозинките, известете ја организацијата – давател на услугата и направете детално скенирање со ажуриран антивирусен софтвер на уредот што сте го користеле.

Сомнителни, фишинг и спам пораки можете да пријавувате до MKD-CIRT со испраќање на пораките со forward или како додаток на порака на Info@mkd-cirt.mk и prijavi@mkd-cirt.mk.

Национален натпревар во сајбер безбедност Хакатон CyberMK 2022

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Почитувани,

Хакатон натпреварот CyberMK 2022 беше организиран од страна на Сигмоид ДОО за целите  на Агенција за електронски комуникации и Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Натпреварот се спроведе во периодот 18-02-2022 и 24-02-2022 година.
Натпреварот се одржа со цел едукација, промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификување и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата. Натпреварот се одржa во три фази:
– Фаза 1: онлајн квиз (отворено учество за цела популација)
– Фаза 2: hands-on натпревар (најдобри 50 учесници од Фаза 1)
– Фаза 3: објаснување, walk-through на предизвици
Фазите на натпреварот беа одржани во периодот прикажан подолу.
Фаза на натпревар Почеток Крај
Фаза 1 18.02.2022 15.00h 22.02.2022 18.00h
Фаза 2 23.02.2022 15.30h 23.02.2022 23.30h
Фаза 3 24.02.2022 15.00h 24.02.2022 16.00h

На следниот линк се финалните резултати од натпреварот.

Извептај со резултати од Национален натпревар во сајбер-безбедност Хакатон CyberMK 2022

Голема благодарност до сите учесници и честитки з апостигнатиот успех!

MKD-CIRT

Национален натпревар Хакатон CyberMK 2022 во сајбер безбедност

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT организираат натпревар Хакатон CyberMK 2022 во сајбер безбедност, 18 – 24.02.2022 година.

РЕГИСТРАЦИЈА И УЧЕСТВО НА HTTPS://CYBERMK.MK

Фаза 1 – Онлајн квиз без ограничување на број на учесници.

Почеток на онлајн квиз од Фаза 1 – 18 февруари 2022 (петок) во 15 часот.

Затворање на онлајн квиз од Фаза 1 – 22 февруари 2022 (вторник) во 18 часот.

Вкупен број на прашања – 20.

Начин на бодување: Секое точно одговорено прашање носи 10 бодови. Вкупниот број на освоени бодови на учесникот во Фаза 1 е збир од освоени бодови за целосно точен или делумно точен одговор на сите вкупно 20 прашања.  Доколку се одговори на најмалку едно грешно прашање се смета дека одговорот е целосно погрешен и учесникот нема да добие поени за тој одговор.

Максимален збир на освоени бодови изнесува 200.

Рангирање: Рангирањето на учесниците ќе биде според освоени бодови и вкупно време за завршување на онлајн квизот („датум и време на завршување“ – „датум и време на почеток“), во опаѓачки редослед, т.е. прво место ќе има учесникот со најмногу освоени бодови кој го завршил квизот од Фаза 1 во најкратко време.

Објавување на резултати: Објавување на листа на 50 (педесет) најдобро пласирани учесници од Фаза 1 кои ќе се квалификуваат за Фаза 2 од Хакатонот CyberMK2022, најдоцна во рок од 24 часа од завршување на времето за достапност на онлајн квизот од Фаза 1.  Најдобрите 50 учесници ќе бидат известени со испраќање на известување по е-пошта.  Објава на листата на 50 најдобро пласирани учесници кои се квалификувани за Фаза 2 на веб-страницата https://cybermk.mk

По објавата на рангирањето на учесниците од Фаза 1, секој учесник ќе може преку Платформата поставена на https://cybermk.mk самостојно да го разгледа своите резултати.

Фаза 2 – Реализација на практичен hands-on натпревар за најдобрите најмногу 50 учесници од

Фаза 1, преку користење на платформа за виртуелизација и најмалку 6 предизвици за секој

учесник, најмалку по две од област attacker, defender, responder.

Почеток  на фаза 2 – 23 февруари 2022 (среда), времетраење 8 часа. 

Рангирање:  Рангирањето на учесниците ќе биде според освоени бодови и вкупно време за

завршување на предизвиците („датум и време на завршување“ – „датум и време на почеток“), во опаѓачки редослед, т.е. прво место ќе има учесникот со најмногу освоени бодови од решавање на предизивиците од Фаза 2 во најкратко време. Доколку учесникот не успеал да ги заврши сите предизвици во максимално дозволеното време, како време за завршување на предизивиците ќе се пресмета разликата меѓу датумот и максимално дозволенот време за решавање на предизвиците и датумот и времето на почеток на решавање на предизвиците за тој учесник. На учесниците кои се квалификувани за Фаза 2 од натпреварот, но не земале активно учество во оваа фаза, ќе им бидат доделени 0 (нула) бодови

Објавување на резултати: Објавување на резултатите и рангирањето на учесниците од Фаза 2 и

листата со најдоби 50 учесници, најдоцна во рок од 24 часа од завршување на дозволеното време за решавање на предизвиците од Фаза 2.

 Фаза 3 – Објаснување или walk-through за решавање и објаснување на предизвиците од фаза 2. 

Почеток на фаза 3 – 24 февруари 2022 (четврток), времетраење 1 (еден) работен ден.

Добредојдовте на веб-страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Република Македонија.

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви.

  • Key ID: 0x333C00DB
  • Key Type: RSA 4096
  • Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB