MKD-CIRT · За нас

Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

MKD-CIRT е национален CSIRT на Република Северна Македонија, организиран како посебен сектор во рамките на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Придонесуваме кон националната сајбер отпорност преку следење на закани, рано предупредување, координација на инциденти и градење на капацитети кај конституентите.

FIRSTFull MemberTrusted IntroducerAccredited
Правна основаСл. весник 135/2025
Временска зонаCET / CEST
Мисија

Посилна национална сајбер отпорност

Мисијата на MKD-CIRT е да придонесува кон националната сајбер отпорност преку следење и анализа на закани и ранливости, рано предупредување, прием и координација на пријави за инциденти, техничка поддршка, размена на информации и градење на капацитети кај конституентите.

Овластување и правна основа

Закон за безбедност на мрежни и информациски системи

MKD-CIRT ги извршува своите задачи врз основа на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи („Службен весник на РСМ“ бр. 135/2025) и подзаконските акти донесени врз основа на него.

Документи и прописи
Законски задачи

Што прави MKD-CIRT

01

Следење и анализа

Следење и анализа на сајбер закани, ранливости и инциденти.

02

Рано предупредување

Рано предупредување, предупредувања, совети и релевантни информации до конституентите.

03

Координиран одговор

Координиран одговор, поддршка при инциденти и анализа на технички показатели.

04

Анализа на ризик

Динамична анализа на ризик и ситуациска свесност во рамките на надлежноста.

05

Проактивно скенирање

Ненаметливо скенирање на јавно достапни системи кога е дозволено со закон, без влијание врз нивното функционирање.

06

Стандардизирани практики

Примена на стандардизирани практики и шеми за класификација и соработка со други CSIRT тимови.

07

Национална и меѓународна координација

Учество во национални и меѓународни механизми за координација на инциденти и кризи.

08

Надзор над суштинските и важните субјекти

Надзор над исполнувањето на обврските за сајбер безбедност на суштинските и важните субјекти согласно Законот за безбедност на мрежни и информациски системи.

Услуги · FIRST CSIRT Services Framework

Подрачја на услуги

Услугите се усогласени со рамката FIRST CSIRT Services Framework и се обезбедуваат во рамките на законските надлежности и расположливите капацитети.

Управување со инциденти

Прием и тријажа на пријави, класификација, координација на одговорот, анализа на инциденти и IOC и препораки за ограничување и санирање.

Управување со ранливости

Прием и анализа на пријави за ранливости, национална CVD координација, технички известувања и безбедносни предупредувања.

Ситуациска свесност

Следење на закани, рано предупредување и алармирање, динамична анализа на ризик и проактивно скенирање.

Размена на информации

Размена на технички показатели и информации за закани со конституентите, партнерските тимови и институциите.

Пренос на знаење

Советодавна поддршка, обуки, вежби и активности за подигнување на свеста.

Национален координатор за CVD

MKD-CIRT посредува меѓу пријавувачите и производителите или давателите на услуги и ги координира роковите за обелоденување. Ранливост може да се пријави и анонимно – MKD-CIRT ја штити анонимноста на пријавувачот.

Пријави ранливост
Конституенти

За кого сме надлежни

Конституенти на MKD-CIRT се суштинските и важните субјекти, како и другите организации за кои MKD-CIRT е надлежен согласно Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и актите за распределба на надлежностите меѓу CSIRT тимовите.

Регистрација на конституент
Институционално разграничување

Јасни улоги

MKD-CIRT функционира како посебен сектор во рамките на АЕК. Министерството за дигитална трансформација и MKD-GOV-CSIRT (тимот за одговор на инциденти за органите на извршната власт) ги извршуваат своите посебни законски улоги. MKD-CIRT учествува во законски утврдената национална и прекугранична координација, без да презема овластувања на други органи.

Значајни инциденти

Законски рокови за известување

Субјектите со обврска за известување ги почитуваат следните рокови, сметано од моментот на дознавање за значајниот инцидент.

  1. 3 часаПрвично известување

    Веднаш, најдоцна во рок од 3 часа (и за значајна сајбер закана)

    чл. 33 ст. 1
  2. 24 часаРано предупредување

    Во рок од 24 часа

    чл. 33 ст. 3 т. 1
  3. 72 часаИзвестување за инцидентот

    Во рок од 72 часа

    чл. 33 ст. 3 т. 2
  4. По барањеПривремен извештај

    На барање на надлежниот CSIRT

    чл. 33 ст. 3 т. 3
  5. 1 месецЗавршен извештај

    Најдоцна еден месец по известувањето од 72 часа

    чл. 33 ст. 3 т. 4
Контакт

Како да нè контактирате

Чувствителните информации (технички показатели, логови, детали за ранливости) испраќајте ги шифрирани со PGP клучот на MKD-CIRT. Целосниот опис на тимот, политиките и услугите е достапен во документот RFC 2350 (верзија 2.0, TLP:CLEAR).

Преглед на приватноста
MKD-CIRT – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.