Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите преференции. Тоа значи дека секој пат кога ќе ја посетите оваа веб-страница, ќе треба повторно да ги овозможувате или оневозможувате колачињата.

Antibotnet

Услугата „АнтиБотНет“ на MKD-CIRT Ви овозможува да проверите дали вашата јавна IP адреса е идентификувана како извор на штетна активност што е знак за можна компромитација на уредот или уредите со кои пристапувате на Интернет. Услугата Ви овизможува и коритсење на листа на идентификувани малициозни домени кои можете да ги блокирате на ваша страна.

Проверката се прави на вашата јавна IP адреса. Имајте во предвид дека вообичаено зад секоја јавна IP адреса има повеќе уреди. Пример е домашен Wi-Fi рутер кој има една јавна IP адреса, но на него се поврзани повеќе уреди во домот како компјутер, лаптоп, телевизор и сл. Сите овие уреди на Интернет се идентификуваат со една иста јавна IP адреса.

Проверката се прави според податоците и базата на MKD-CIRT за идентификувани штетни активности како дел од процена на ризици. Во нашата евиденција се наоѓаат македонски јавни IP адреси кои се идентификувани  како извор на штетна активност од надворешни извори, детекции и пријави. Ниту една база на идентификувани штетни активности не е комплетна, но доколку вашата јавна IP адреса се најде во евиденцијата на MKD-CIRT, Ви препорачуваме најитно да извршите детална проверка на уредите кои излегуваат на Интернет од таа адреса. Исто така, имајте во предвид дека Интернет провајдерите понекогаш вршат периодична доделба и промена на јавната IP адреса што ја користите.

Малициозни домени

Листа на идентификувани малициозни, потенцијално  малициозни и непознати домени со категорија т.е. причина за идентификацијата, собрани преку Систем за сајбер-безбедносен надзор на мрежна инфраструктура на MKD-CIRT. Листата се ажурира периодично. Ви препорачуваме да ја користите листата и да ги блокирате наведените домени на ваш Firewall или друг систем за заштита на вашата организациска компјутерска мрежа и ИКТ системи.