Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

⚠️⚠️⚠️ Предупредување за лажни SMS пораки за наводни сообраќајни прекршоци (Smishing)

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT предупредува за појава на измамничка SMS кампања (Smishing) во која граѓаните добиваат пораки за наводен неплатен сообраќаен прекршок.

Во пораката се тврди дека примателот има неизмирена сообраќајна глоба и дека може да оствари попуст доколку изврши плаќање во краток временски рок. За таа цел се доставува и скратен интернет линк (bit.ly) преку кој корисникот се повикува да ги погледне деталите за наводниот прекршок.

Како изгледа измамата?

Напаѓачите користат пораки со содржина слична на следната:

 „Сакаме уште еднаш да ве потсетиме дека имате неизмирена сообраќајна глоба. Моментално имате право на 50% попуст од износот на глобата…“

Во пораката е вклучен скратен линк, а испраќачот е телефонски број со меѓународен префикс (+91), што претставува дополнителен показател дека не станува збор за официјална институција.

Како функционира нападот?💥

Овој тип на напад е познат како Smishing (SMS Phishing).

Напаѓачите се обидуваат да создадат чувство на итност и страв кај корисниците, наведувајќи ги да кликнат на линкот и да внесат лични или финансиски податоци на лажна веб-страница.

Во зависност од кампањата, целта може да биде:

 • кражба на податоци од платежни картички;

 • кражба на кориснички имиња и лозинки;

 • прибирање на лични информации;

 • преземање на малициозен софтвер на уредот.

Како да препознаете ваква измама?🚨

Бидете внимателни доколку:

📱 : Пораката е испратена од непознат или странски телефонски број.

🔗: Содржи скратени интернет адреси (на пример bit.ly, tinyurl, shorturl и слично).

⏰: Се создава чувство на итност или притисок за итно плаќање.

💳 : Од Вас се бара да внесете лични, банкарски или платежни податоци.

⚠️: Пораката содржи граматички или јазични неправилности.

Што да направите доколку добиете ваква порака?

✅: Не отворајте го линкот.

✅: Не внесувајте лични или банкарски податоци.

✅: Избришете ја пораката и блокирајте го испраќачот.

✅: Доколку сте ги внеле Вашите платежни податоци, веднаш контактирајте ја Вашата банка и побарајте блокирање на платежната картичка.

✅: Доколку сте внеле лозинка, веднаш променете ја и овозможете двофакторска автентикација (2FA), доколку е достапна.

📝 Препораки од MKD-CIRT

Ниту една државна институција нема да побара од граѓаните преку SMS порака да внесуваат банкарски податоци или да вршат плаќања преку непроверени интернет адреси.

Пред да извршите било какво плаќање или да внесете лични податоци, секогаш проверете дали информацијата е објавена на официјалната веб-страница на надлежната институција или контактирајте ја директно.

Пријавување на сомнителни пораки

Доколку добиете ваква или слична SMS порака, ве охрабруваме да ја пријавите до MKD-CIRT, за да можеме навремено да ги анализираме заканите и да преземеме соодветни мерки за заштита на корисниците.

✉️: E-mail: info@mkd-cirt.mk

MKD-CIRT

Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

Агенција за електронски комуникации на Република Северна Македонија