Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

mSecure ги предупредува корисниците да ги сменат лозинките, да ја ресетираат двофакторската-2FA  автентикација и да ги отстранат Passkeys по сомнителна активност

Корисниците на менаџерот за лозинки mSecure се повикуваат веднаш да преземат мерки за заштита на доверливите информации што ги чуваат во апликацијата. Меѓу препорачаните мерки се промена на лозинките, ресетирање на двофакторската автентикација (2FA) и отстранување на Passkeys.

Предупредувањето било испратено преку е-пошта на 3 ноември, во име на развивачот на апликацијата, компанијата mSeven Software. Во пораката се наведува дека компанијата неодамна открила сомнителна активност поврзана со апликацијата, но не се објаснува што точно се случило ниту дали податоците зачувани од корисниците биле компромитирани.

Според е-пораката, предупредувањето било испратено до сегашните и поранешните корисници на mSecure. Еден од корисниците кој ја добил пораката ја објавил нејзината содржина во дискусија на форумот за поддршка на mSecure на 3 ноември.

До 18:00 часот UTC на 3 ноември, компанијата mSeven немала објавено никакво известување за оваа е-порака на своите официјални профили на X и Facebook. Исто така, ниту еден член на тимот на компанијата не одговорил во дискусијата на форумот.

Во е-пораката се наведува дека mSeven започнала истрага, презела мерки за ограничување на проблемот и ангажирала надворешни експерти за сајбер-безбедност.

Сепак, компанијата не ги наведува засегнатите системи, не открива кога се случила сомнителната активност ниту дали таа е запрена. Исто така, не е објавен бројот на корисници кои ја добиле предупредувачката е-порака.

mSecure овозможува синхронизација на трезорот со лозинки на корисниците преку mSecure Cloud, Dropbox, iCloud или Wi-Fi. Во испратената е-порака не е наведено дали е важно која од овие опции за синхронизација ја користи корисникот.

Верзијата mSecure 7 овозможува чување Passkeys и 2FA-кодови во трезорот, заедно со лозинките, во рамките на пакетот Essentials и повисоките претплатнички пакети. Препораките во е-пораката се однесуваат на заштита на информациите зачувани во mSecure. Сепак, не е наведено дали чекорите за 2FA и Passkeys се однесуваат на овие зачувани податоци, на самата најава во mSecure сметката или на двете работи.

Од mSecure наведуваат дека податоците во трезорот се шифрираат на уредот на корисникот пред да се синхронизираат, како и дека дури ни развивачите на апликацијата немаат пристап до информациите на корисниците.

Сепак, според германската Федерална канцеларија за информациска безбедност (BSI), во верзијата mSecure 6.1.5 за Android, компанијата mSeven теоретски би можела да пристапи до зачуваните податоци. Ова било утврдено во студија објавена во декември 2025 година. BSI ја тестирала само таа верзија, па резултатите можеби се променети со подоцнежните ажурирања.

Во испратената е-порака не е наведено дали сомнителната активност стигнала до податоците во трезорот или до клучевите што ги штитат тие податоци.

Што бара е-пораката од корисниците

Во е-пораката предложените чекори се наведени како можни мерки, но не е објаснето кои сметки треба да се заштитат први ниту како точно треба да се спроведе секој од чекорите.

Исто така, не е наведено дали корисниците треба да продолжат да ја користат апликацијата mSecure, вклучително и за чување на новите лозинки.

Заклучно со 18:00 часот UTC на 3 ноември, најновата верзија на mSecure за iPhone достапна во продавницата App Store на Apple била 7.1.0, објавена на 23 октомври.

Извори:

  • The Hacker News – mSecure Warns Users to Change Passwords, Reset 2FA and Passkeys After Suspicious Activity The Hacker News