Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Фишинг кампања преку Viber – не кликнувајте на линкот од пораката

До Националниот центар за одгвоор на компјутерски инциденти MKD-CIRT е доставена пријава за фишинг порака што се испраќа преку Viber. Пораката го содржи текстот: Добив бесплатен подарок само со одговарање на неколку прашања!треба да пробате веднаш, пред да заврши доделувањето подароци!

Пораката содржи линк кој води кон лажна веб-страница на која се наоѓа малвер, кој потоа може да се симне на уредот и да изврши штетни активности. Во тек е анализа на можните штетни активности. MKD-CIRT побара исклучување на малициозните страници со цел да се спречи пристапот до нив.

Не кликајте на линкот и избришете ја пораката. Доколку веќе сте ја отвориле веб-страницата од линкот, затворете ја и направете скенирање со антивирусен софтвер на уредот од чиј Viber клиент сте кликнале на линкот.

Ви препорачување навремено ажурирање на оперативните системи и апликациите кај уредите преку кои пристапувате на Интернет, користење само на легитимен софтвер, постојано активна и ажурирана антивирусна заштита и активен Firewall.