Итно ажурирање на оперативните системи Windows 10, Server 2016 и 2019

„Мајкрософт“ ги објави своите јавни безбедносни совети за јануари предупредувајќи ги корисниците за 49 нови ранливости откриени во нивните производи.

Она што е особено важно за најновиот „Patch вторник“ е дека едно од ажурирањата поправа сериозен пропуст во основната криптографска компонента на широко користените оперативни системи Windows 10, Server 2016 и 2019, кои беа откриени и пријавени од Националната агенција за безбедност (НСА) на Соединетите држави.

Според советот објавен од „Мајкрософт“, ранливоста наречена „NSACrypt“   CVE-2020-0601, е откриена во модулот Crypt32.dll кој содржи различни „функции за сертификати и криптографски пораки“ што ги користи Windows Crypto API за ракување со криптирање и декрипција на податоците.

Проблемот е откриен во начинот на кој се потврдуваат модерните Crypt32.dll сертификати за т.н. ECC криптографија што во моментов е индустриски стандард за шифрирање со јавен клуч и се користи кај поголемиот дел од сертификати SSL / TLS.

Во соопштението за печат објавено од НСА, агенцијата објаснува дека ранливоста дозволува на напаѓачот да го заобиколи начинот на кој Windows оперативниот систем ја верификува криптографската доверба и може да овозможи извршување на код на далечина (remote code execution)“.

Експлоатацијата на ранливоста им овозможува на напаѓачите да ја злоупотребат валидацијата на довербата помеѓу:

HTTPS поврзувања
Потпишани датотеки и е-пошта
Потпишан извршен код активиран во режим на работа на корисник

За надминување на оваа и другите откриени ранливости се препорачува најитно инсталирање на најновите надградби на оперативниот систем.

 

Извор: The HackerNews

Check Also

Android апликации со spyware инсталирани 421 милион пати од Google Play

Нов Android малвер дистрибуиран како SDK реклама е откриен во повеќе апликации, многумина претходно на …