Почитувани,
Ве информираме дека на 25 јуни 2022 година, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT стана полноправен член (full member) во најголемото светско здружение на тимови за одговор на компјутерски инциденти во светот FIRST.
FIRST (Forum of Incident Response and Security Teams) е врвна организација и признат глобален лидер во одговор на инциденти. Членството во FIRST им овозможува на тимовите за одговор на инциденти поефективно да реагираат на безбедносни инциденти. FIRST поврзува различни тимови за одговор на инциденти по компјутерска безбедност од владини, комерцијални и образовни организации. FIRST има за цел да поттикне соработка и координација во превенцијата на инциденти, да стимулира брза реакција на инциденти и да промовира споделување информации меѓу членовите и целата заедница.
Освен мрежата на доверба која FIRST ја формира во глобалната заедница за одговор на инциденти, FIRST обезбедува и услуги со додадена вредност. Некои од нив се:
- Пристап до ажурирани документи и упатства за најдобра практика
- Технички колоквиуми за безбедносни експерти
- Практични обуки
- Годишна конференција за одговор на инциденти
- Публикации и веб-услуги
- Работни групи од посебен интерес
Во моментов FIRST има повеќе од 600 членови, распространети низ Африка, Америка, Азија, Европа и Океанија.
Повеќе информации: