Национален натпревар Хакатон CyberMK 2022 во сајбер безбедност

Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT организираат натпревар Хакатон CyberMK 2022 во сајбер безбедност, 18 – 24.02.2022 година.

РЕГИСТРАЦИЈА И УЧЕСТВО НА HTTPS://CYBERMK.MK

Фаза 1 – Онлајн квиз без ограничување на број на учесници.

Почеток на онлајн квиз од Фаза 1 – 18 февруари 2022 (петок) во 15 часот.

Затворање на онлајн квиз од Фаза 1 – 22 февруари 2022 (вторник) во 18 часот.

Вкупен број на прашања – 20.

Начин на бодување: Секое точно одговорено прашање носи 10 бодови. Вкупниот број на освоени бодови на учесникот во Фаза 1 е збир од освоени бодови за целосно точен или делумно точен одговор на сите вкупно 20 прашања.  Доколку се одговори на најмалку едно грешно прашање се смета дека одговорот е целосно погрешен и учесникот нема да добие поени за тој одговор.

Максимален збир на освоени бодови изнесува 200.

Рангирање: Рангирањето на учесниците ќе биде според освоени бодови и вкупно време за завршување на онлајн квизот („датум и време на завршување“ – „датум и време на почеток“), во опаѓачки редослед, т.е. прво место ќе има учесникот со најмногу освоени бодови кој го завршил квизот од Фаза 1 во најкратко време.

Објавување на резултати: Објавување на листа на 50 (педесет) најдобро пласирани учесници од Фаза 1 кои ќе се квалификуваат за Фаза 2 од Хакатонот CyberMK2022, најдоцна во рок од 24 часа од завршување на времето за достапност на онлајн квизот од Фаза 1.  Најдобрите 50 учесници ќе бидат известени со испраќање на известување по е-пошта.  Објава на листата на 50 најдобро пласирани учесници кои се квалификувани за Фаза 2 на веб-страницата https://cybermk.mk

По објавата на рангирањето на учесниците од Фаза 1, секој учесник ќе може преку Платформата поставена на https://cybermk.mk самостојно да го разгледа своите резултати.

Фаза 2 – Реализација на практичен hands-on натпревар за најдобрите најмногу 50 учесници од

Фаза 1, преку користење на платформа за виртуелизација и најмалку 6 предизвици за секој

учесник, најмалку по две од област attacker, defender, responder.

Почеток  на фаза 2 – 23 февруари 2022 (среда), времетраење 8 часа. 

Рангирање:  Рангирањето на учесниците ќе биде според освоени бодови и вкупно време за

завршување на предизвиците („датум и време на завршување“ – „датум и време на почеток“), во опаѓачки редослед, т.е. прво место ќе има учесникот со најмногу освоени бодови од решавање на предизивиците од Фаза 2 во најкратко време. Доколку учесникот не успеал да ги заврши сите предизвици во максимално дозволеното време, како време за завршување на предизивиците ќе се пресмета разликата меѓу датумот и максимално дозволенот време за решавање на предизвиците и датумот и времето на почеток на решавање на предизвиците за тој учесник. На учесниците кои се квалификувани за Фаза 2 од натпреварот, но не земале активно учество во оваа фаза, ќе им бидат доделени 0 (нула) бодови

Објавување на резултати: Објавување на резултатите и рангирањето на учесниците од Фаза 2 и

листата со најдоби 50 учесници, најдоцна во рок од 24 часа од завршување на дозволеното време за решавање на предизвиците од Фаза 2.

 Фаза 3 – Објаснување или walk-through за решавање и објаснување на предизвиците од фаза 2. 

Почеток на фаза 3 – 24 февруари 2022 (четврток), времетраење 1 (еден) работен ден.

Check Also

Google вели дека продавачите на spyware стојат зад повеќето zero-days што ги открива