Почитувани,
Хакатон натпреварот CyberMK 2022 беше организиран од страна на Сигмоид ДОО за целите на Агенција за електронски комуникации и Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Натпреварот се спроведе во периодот 18-02-2022 и 24-02-2022 година.
Натпреварот се одржа со цел едукација, промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификување и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата. Натпреварот се одржa во три фази:
– Фаза 1: онлајн квиз (отворено учество за цела популација)
– Фаза 2: hands-on натпревар (најдобри 50 учесници од Фаза 1)
– Фаза 3: објаснување, walk-through на предизвици
Фазите на натпреварот беа одржани во периодот прикажан подолу.
Фаза на натпревар Почеток Крај
Фаза 1 18.02.2022 15.00h 22.02.2022 18.00h
Фаза 2 23.02.2022 15.30h 23.02.2022 23.30h
Фаза 3 24.02.2022 15.00h 24.02.2022 16.00h
На следниот линк се финалните резултати од натпреварот.
Извептај со резултати од Национален натпревар во сајбер-безбедност Хакатон CyberMK 2022
Голема благодарност до сите учесници и честитки з апостигнатиот успех!
MKD-CIRT