Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите преференции. Тоа значи дека секој пат кога ќе ја посетите оваа веб-страница, ќе треба повторно да ги овозможувате или оневозможувате колачињата.

? Нова smishing кампања (фишинг преку SMS/iMessage) што ги тагетира граѓаните. ?

Забележана нова smishing кампања (phishing преку SMS – iMessage) што ги тагетира граѓаните на Северна Македонија.

  • Како испраќач стојат различни емајлови од @icloud.com.
  • Најпрво граѓаните добиваат iMessage порака со содржина „Вашиот пакетр пристигна во скалдот и не може да биде доставен поради неполни податоци за адресата. Ве молиме потврдете го вашиот аддрес на следниот линк: врска кон веб-страницата“, [види слика 1]
  • Со клик на врската/линкот, се отвора прелистувачот/browser кој носи на страница која лажно се претставува како Пошта на Северна Македонија, со URL aдреса „https[:]//780725464.posta[.]rest/#/“.
  • Со клик на копчето „Продолжи“, се отвора нова страница за внес на лични податоци. [види слика 2]

Доколку случајно се пополни образецот, со клик на копчето „Ажурирајте Веднаш“, ќе се отвори нова страница со наслов „Плаќање преку Интернет“, за внес и кражба на податоци за сопственик и број на банкарска картичка, датум на истекување и безбедносен код, [види слика 3].

✅ Не внесувајте ваши лични податоци и податоци за картички на овие веб-страници.

✅ Секогаш да ја проверувате URL адресата на веб-страницата што ја посетувате, со цел да потврдите дека пристапувате на официјалната страница.

✅Да не кликнувајте на овие лажни врски/линкови. Доколку веќе сте кликнале на линкот и сте ги пополниле обрасците прикажани на овие слики или слични на нив, најитно известете ја вашата банка и побарајте помош и насоки за да се спречи евентуална злоупотреба на картичката. Исто така, заради внес на ваши лични податоци, бидете внимателни со пораките кои во иднина може да ги добиете по SMS или на адресата за е-пошта. Со посета на овие веб-страници освен phishing кампања, можни се и други злоупотреби, како крадење на средства од вашата банка преку картички, и ред други злоупотреби за кои е потребна дополнителна анализа.

✅Секогаш бидете внимателни при посета на веб-страниците и секогаш имајте активен и ажуриран антивирус на уредот од кој пристапувате на интернет.

Пријавете злоупотреби во MKD-CIRT на info@mkd-cirt.mk.