Националниот центар за одговор на компјутерски иницденти MKD-CIRT организираше дводневни обуки за процена на ранливости кај ИКТ системите. Обуките ги посетија 30 лица од организации од јавниот и владиниот сектор и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Основна цел на овие обуки е јакнење на капацитетите во јавниот и владиниот сектор.
Преку практична настава, оваа обука имаше за цел градење на вештини за управување како треба да се води процената на ранливостите, земајќи ги во предвид деловните ризици и клучните деловни проблеми. Со обуката беа опфатени теми како:
- Дефинирање на и вовед во процена на ранливост, искористување, закана и ризик, како и пенетрациско тестирање,
- Ранливоста како компонента на ризикот, Животен циклус на ранливости, Видови на закани, Мотиви за искористување,
- Отпочнување на пенетрациско тестирање (Отпечаток и извидување) и
- Видови на пенетрациско тестирање.
Обуките се реализираа во две групи на 12-13 и 19-20 декември 2018 во просториите на MKD-CIRT со практични вежби на виртуелизирани околини.