Онлајн обука и совети за користење на лозинки

Обуката е достапна и во облик на SCORM 2004 формат како .ZIP архива, за едноставна и бесплатна интерација во постојни Learning Management System-и. Архивата може да ја преземете од следниот линк: ObukaLozinkiSCORM2004v2

Лозинките се основен и најчест начин за заштита на податоци и пристап до уреди и важни сметки како тие за е-пошта и онлајн банкарство. За да пристапат до податоците, криминалците се обидуваат да ги пробијат или откријат вашите лозинки. Тие може да ги погодат вашите лозинки со пробување на најчесто користените лозинки, како на пример password1.

Примери за слаби лозинки кои криминалците може брзо да ги погодат се 12345678, qwerty123 или ImePrezime123. Избегнувајте лозинки кои се состојат од зборови што се лесни за погодување и ги користите на социјалните мрежи, како имиња на ваши блиски или миленици, или родендени.

Затоа е многу важно за заштита на податоците и сметките да користите силни лозинки. Пример за силна лозинка е фраза составена од 3 случајно избрани зборови. Лозинките може да ги направите уште посилни ако додадете броеви и специјални знаци.

  • Не користете иста лозинка за различни сметки. Доколку една од сметките што ја користи лозинката е компромитирана и хакерите ја знаат лозинката, во тој случај се загрозени и другите ваши сметки.
  • Секогаш кога е можно – користете двофакторна автентикација. Со неа воведувате дополнителна проверка пред да ви се одобри пристап. Двофакторната идентификација или скратено 2ФА значи дека за одобрување на пристап се користат две од трите категории: нешто што имате, нешто што знаете и нешто што сте Вие. Пример за 2ФА е кога по внесување на корисничко име и лозинка за пристап до онлајн ресурс, на екранот ќе ви се појави поле за внес на код кој во меѓувреме ви е испратен по СМС на мобилниот телефон. Повеќето онлајн услуги нудат можност за користење на 2ФА, на Вас е само да ја активирате.
  • Исто како што PIN бројот од кредитната картичка го знаете само Вие, не ги откривајте лозинките на други лица. Доколку лозинката ја заборавите, ИТ лицата одговорни за услугата може да ја ресетираат.
  • Не е грешка доколку лозинките ги запишете на хартија и ја чувате на безбедно место.
  • Доколку имате повеќе лозинки, размислете за користење на софтвер за менаџирање на лозинки. На тој начин ќе треба да запомните само една – мастер или главна лозинка за пристап до менаџерот на лозинки, додека специфичните лозинки за одредени услуги ќе останат запишани во софтверот и нема потреба да ги запомнувате.

Check Also

Нов крадец на информации за Snake базиран на Python се шири преку пораки на Faceebook

Пораките на Facebook се користат од страна на актери за закана за крадец на информации …