Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

СООПШТЕНИЕ за прекините на услуги преку меѓународната платформа „Cloudflare“

MKD-CIRT информира дека согласно официјалните известувања од меѓународната платформа Cloudflare, на 18 ноември 2025 година беше евидентиран глобален инцидент кој предизвика значителни прекини во функционирањето на услугите на компанијата. Проблемот, кој започна околу 12:48 часот, произлезе од интерна техничка неисправност што директно влијаеше врз достапноста на повеќе критични компоненти, вклучително и глобалната Edge-инфраструктура, API-услугите и дел од поврзаните системи.

Како последица на овој прекин, и во нашата држава беше забележано отежнато функционирање на одредени веб-страници и дигитални услуги, особено кај јавните институции и организации кои користат Cloudflare за кеширање, заштита и глобална дистрибуција на содржини.

Според последниот отчет од Cloudflare, околу 15:42 часот е утврдено дека проблематиката е привремена и се преземаат мерки за целосна стабилизација и нормализирање на услугите.

Препораки од MKD-CIRT

Во насока на зголемена безбедност и континуитет на работење, MKD-CIRT препорачува:

  1. Постојана проверка на достапноста на веб-страниците и системите што користат Cloudflare.
  2. Идентификација на евентуално засегнати услуги и анализа на можни последици поради прекинот.
  3. Преглед на логови и мониторинг-системи за навремено детектирање на аномалии.
  4. Имплементација на резервни механизми (fallback / failover) со кои барем основните функционалности ќе останат достапни и во случаи кога Cloudflare-услугите не се активни.
  5. Ажурирање на контакт-точките и каналите за брза комуникација со техничките тимови и давателите на услуги.

MKD-CIRT останува посветен на континуирано следење на состојбите, поддршка на институциите и известување на јавноста за сите инциденти кои можат да влијаат врз безбедноста и достапноста на националните мрежи и информациски системи.