Техничка обука, 14-15.12.2020

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT организира Техничка обука за конституентите, како активност од Трета национална вежба за комуникација и координација на одговор по сајбер-инциденти. На обуката учествиваат 50 претставници од конституентите на MKD-CIRT, организации од јавен, владин и приватен сектор.

Оваа обука е наменета за технички лица и ќе ги опфати следниве теми преку комбинација на PowerPoint презентации и практични вежби испорачани преку платформата CYBER RANGES од SilenSec.

Network Traffic Analysis; Assessing Web Applications; Responding to Security Incidents; Web Log Analysis; Sharing Threat Information; • Using the Malware Information Sharing Platform (MISP)

Предавачи:

  • Simon Loizides

Симон е Сениор Security Practicioner во SilenSec каде водел бројни задачи за pentest, обуки за безбедност и сајбер-вежби за банки, телекомуникациски и владини организации. Тој е исто така водечки истражувач на Cyber Ranges кој го надгледува развојот на напредни сценарија за симулација, обуки и за сајбер вежби. Тој е еден од трите водечки лица на OWASP Кипар.

  • Lawrence Muchilwa

Лоренс е Senior Security Practitioner во SilenSec каде го предводи тимот за одговор на инциденти во SilenSec 24х7 SOC. Пред да се приклучи на SOC тимот, тој беше одговорен за водење на одделот за безбедносни технологии, испорачувајќи низа технолошки имплементации кои опфаќаат SIEM, WAF, DLP, DAM и многу други. Лоренс, исто така, има одржано голем број курсеви за обука и национални сајбер-вежби во областа на следење на безбедноста, одговор на инциденти и откривање на сајбер закани.

Check Also

Нов крадец на информации за Snake базиран на Python се шири преку пораки на Faceebook

Пораките на Facebook се користат од страна на актери за закана за крадец на информации …