Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

ВНИМАНИЕ!!! Фишинг сајт лажно се претставува како УЈП

Нов обид за фишинг. Внимавајте и пренесете на роднините/пријателите да не наседнат.

Ми стигна СМС од +389 75 835 246 со содржина:

УЈП: Извршете ја задолжителната пријава

`https://ujp-gov.mk/potvrda`

На линкот има повеќе форми каде што се бара да се пополнат лични информации (име, презиме, адреса, итн итн, детали од платежна картичка и слики од документи).

Повеќе инфо и приказ на формите во прикачените слики:

По пополнување на формите, страницата пренасочува кон https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam

Инфо околу доменот: http://whois.marnet.mk/?domain=ujp-gov.mk

Оваа е-пошта е испратена од контакт формата на MKD – CIRT (https://mkd-cirt.mk) (https://mkd-cirt.mk)

MKD – CIRT известува дека станува збор за Smishing (форма на фишинг во која напаѓачот користи привлечна текстуална порака за да ги измами луѓето да кликнат на испратениот линк и да му испратат лични информации со цел нивна понатамошна злоупотреба).

MKD – CIRT исто така предупредува да внимавате и да не ги отварате линковите испратени во пораката, а доколку веќе сте го направиле тоа и сте внеле свои податоци и лозинки, тогаш веднаш променете ги.