⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЛАЖНИ SMS/iMessage ПОРАКИ ЗА СООБРАЌАЈНИ КАЗНИ
Објавено: 20.01.2026
MKD-CIRT информира дека е детектирана активна фишинг (smishing) кампања во која граѓаните добиваат лажни SMS или iMessage пораки со наводно известување за сообраќаен прекршок и барање за итно плаќање казна преку линк.
❌ Како изгледа измамата?
- Пораката лажно се претставува како известување од „Оддел за моторни возила (MVR)“
- Се користи итност и „попуст од 50%“ за да се изврши притисок
- Се испраќа линк до лажна веб-страница која визуелно го имитира државниот портал за е-услуги
- Забележан е злоупотребен домен: uslugi[.]cfd (НЕ е официјален)
✅ Важно да се знае
- Државните институции НЕ испраќаат казни преку SMS/iMessage со линкови за плаќање
- Единствениот официјален портал за е-услуги е:
👉 https://uslugi.gov.mk
🔒 Препораки до граѓаните
- ❌ Не кликајте на линкови од вакви пораки
- ❌ Не внесувајте лични или финансиски податоци
- ❌ Не вршете плаќања преку сомнителни веб-страници
- ✅ Проверувајте информации исклучиво преку официјални институционални канали
Доколку сте примиле ваква порака или сте внеле податоци, веднаш пријавете го инцидентот до MKD-CIRT.

