Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

АКТИВНА ИЗМАМА – ИМПЕРСОНАЦИЈА НА МВР СО “САЈБЕР КРИМИНАЛ” ПРИЈАВИ

MKD-CIRT алармира: последниве денови кружи лажна e-mail кампања која се претставува како „Полициско обвинителство за сајбер криминал“ и лажно злоупотребува имиња на институции и службеници.


Целта е измама, уценување и изнудување лични податоци/пари.


Што е лажно во овие мејлови?

  • Нема институција „Полициско обвинителство“
  • МВР не комуницира за кривични дела преку gmail
  • Ако институција ве контактира – нема да бидете ставени во bcc
  • Полицијата не испраќа email известувања за „кривични дела“ или „идентификувани нелегални активности“
  • Дел од содржината која овие измами ја наведуваат како „кривични дела“ воопшто не се кривични дела

Ова е класичен social engineering: да се создаде страв → да се натера граѓанинот да одговори → потоа следува уцена / барање на пари / документи / фотографии.
Што да направите?

  • Не одговарајте
  • Не праќајте лични податоци
  • Не кликнувајте линкови

Доколку сакате да проверите – обратете се директно до официјалните канали на МВР или MKD-CIRT.

Споделете, предупредете!
 Колку повеќе граѓани знаат, толку помалку ќе паднат на вакви измами!