Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

ЈАВЕН ПОВИК – Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026 – Girls & Women Track

Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026 – Girls & Women Track

MKD-CIRT ги повикува девојките и младите жени на возраст од 16 до 26 години од С. Македонија да се пријават за учество во Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026 – Girls & Women Track.

Оваа регионална иницијатива има за цел да ги поттикне младите да ги развиваат своите знаења, практични вештини и лидерски способности во областа на сајбер-безбедноста. Маратонот е наменет за учеснички од  Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија, преку заедничка регионална платформа за сајбер-безбедносни предизвици.

Иницијативата ја организира AKSK (National Authority for Electronic Certification and Cyber Security) од Албанија, во соработка со националните CSIRT/CERT тимови и универзитетите од земјите учеснички. Во Северна Македонија, MKD-CIRT го координира процесот на пријавување и избор на учесничките, како и комуникацијата со организаторите во текот на програмата.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за девојки и млади жени на возраст од 16 до 26 години кои:

  • имаат интерес за сајбер-безбедност и сакаат да стекнат нови знаења и практични вештини;
  • сакаат да започнат или да го насочат својот понатамошен развој кон кариера во сајбер-безбедноста;
  • се мотивирани за учество во технички обуки, практични вежби и активности за развој на лидерски вештини;
  • можат да учествуваат во сите фази на програмата во периодот октомври–декември 2026 година.

Претходно техничко образование или искуство во сајбер-безбедност не е услов за пријавување. Повикот е наменет и за оние кои сакаат да ги направат своите први чекори во оваа област.

Што вклучува програмата?

Girls & Women Track е составен од четири фази:

  • технички обуки и практични лаборатории;
  • сајбер-безбедносни предизвици и CTF активности;
  • активности за развој на лидерски и стратешки вештини;
  • симулации на кризни ситуации и Tabletop Exercises (TTX).

Од Македонија ќе бидат избрани 15 учеснички. Изборот ќе го спроведе MKD-CIRT врз основа на доставените пријави, при што особено ќе се разгледуваат мотивацијата, интересот за сајбер-безбедност и подготвеноста за активно учество во програмата.

Сите учеснички кои ќе ја завршат програмата ќе добијат сертификат за учество.

Најуспешните учеснички ќе имаат можност да бидат избрани за учество на Grand Finale во Тирана на 17 декември 2026 година. С. Македонија на финалниот настан ќе биде претставена со две најуспешни учеснички од Girls & Women Track.

Рок за пријавување на програмата е 9 октомври 2026

Програмата започнува на 15 октомври 2026, а Grand Finale се одржува во Тирана на 17 декември 2026. Информациите од програмата можете да ги видите на овој линк.

Доколку сајбер-безбедноста е област во која сакате да се развивате, да стекнете практично искуство и да ги запознаете своите врсници од регионот, ве охрабруваме да се пријавите и да бидете дел од Western Balkans Cybersecurity Marathon 2026.

Пријавувањето се врши преку емаил на info@mkd-cirt.mk