понеделник , 27 септември 2021
sqmken

Apple издаде итни ажурирања за да поправи нова 0-day ранливост во врска со шпионскиот софтвер Pegasus

Apple ги објави новите верзии на iOS 14.8, iPadOS 14.8, watchOS 7.6.2, macOS Big Sur 11.6 и Safari 14.1.2 за да поправи две активно искористени слабости означени како CVE-2021-30858 (WebKit) и CVE-2021-30860 (CoreGraphics). Овие софтверски ажурирања се поврзани со спречување злоупотреба на корисничките уреди преку инсталација на штетен софтвер со испраќање на штетни пораки до целниот корисник без дополнителна интеракција, како и со поправка на нови откриени слабосите во WebKit.

На корисниците на iPhone, iPad, Mac и Apple Watch им се советува веднаш да го ажурираат својот софтвер за да ги ублажат сите потенцијални закани што произлегуваат од активната експлоатација на слабостите.

Повеќе информации за овие ажурирања ќе најдете на следниот линк:

Apple security updates – Apple Support

 

Извор: TheHackerNews

 

Check Also

Критична ранливост на сервисот Microsoft Windows Print Spooler

Ранливоста позната како  „PrintNightmare“ овозможува секој автентициран корисник да изврши далечински управуван код со SYSTEM …