CISA и FBI објавија заедничко соопштение – Иранските државни актери спроведуваат сајбер операции против Владата на Албанија

Во врска со сајбер нападите во Албанија, објавено е заедничко соопштение од Федералното биро за истраги (ФБИ) и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност (CISA)  од САД, со анализа за случувањата, атрибуција на нападот кон криминални групи спонзорирани од странски држави и совети за подобрување на безбедноста кај организациите базирани на идентификувани ранливости во системите кои биле искористени.

Во насока за подобро информирање и заштита на организациите, Ви препорачуваме да имплементирате мерки за заштита на организациските системи дадени во соопштението на следниот линк: https://mkd-cirt.mk/soopshtenie/

MKD-CIRT им препорачува на организациите покрај мерките наведени во претходното сооштение, да ги проверат ранливостите наведени во соопштението од CISA и FBI кои биле зоупотребени при нападите во Албанија. Препорачуваме организациите најитно да ги имплементираат предложените мерки за митигација во случај ако се ранливи на слабости наведени во тоа соопштение.

Линк кон советодавната информација (соопштението) на FBI и CISA: https://www.cisa.gov/uscert/ncas/alerts/aa22-264a

Check Also

Cisco издава лепенка за грешка при киднапирање на VPN со висока сериозност кај безбеден клиент

Cisco објави закрпи за да се справи со безбедносниот пропуст со висока сериозност што влијае …