Достапна итна поправка за проблемите со Windows Server Hyper-V VM од Мајкрософт

Мајкрософт објави итни надградби на Windows Server надвор од редовните надградби за да се справи со познат проблем при креирање на виртуелна машина (VM) на хостовите Hyper-V по инсталирањето на редовните ажурирања – Patch Tuesday, за овој месец.

Проблемот влијае само на виртуелните машини управувани со System Center Virtual Machine Manager (SCVMM) и користење на Software Defined Networking (SDN).

На засегнатите системи, администраторите на Windows гледаат предупредувања за време на миграцијата во живо, SLB Load Balancer или SDN RAS Gateway не успева и креирањето на нови VM е неуспешно.

Погодени се само Windows Server 2019 и Windows Server 2022. (KB5021237 и KB5021249).

За да се реши овој проблем, администраторите мора да инсталираат кумулативни ажурирања на OOB објавени денес.

„Не треба да инсталирате никакво ажурирање или да правите какви било промени на други сервери или клиентски уреди во вашата околина за да го решите овој проблем“, изјави Мајкрософт во вторникот.

Ажурирањата на OOB не се испорачуваат преку Windows Update. Денешните ажурирања не се испорачуваат преку Windows Updates и нема да се инсталираат автоматски на погодените сервери.

За да го добиете самостојниот пакет, ќе треба да го пребарувате бројот на KB во каталогот за ажурирање на Microsoft, да ги преземете и рачно да ги инсталирате.
Тие, исто така, можат рачно да се вметнат во Windows Server Update Services (WSUS) и Microsoft Endpoint Configuration Manager.

Мајкрософт исто така обезбедува инструкции за увоз на ажурирања во WSUS и менаџерот за конфигурација од каталогот за ажурирање на Microsoft.

Списокот на итни кумулативни ажурирања на Windows Server објавен денес вклучува:

Windows Server 2022: KB5022553

Windows Server 2019: KB5022554

Извор: BleepingComputer 

Check Also

Хакерите го искористуваат пропустот на контролниот веб-панел за да отворат reverse shells

Хакерите активно ја искористуваат критичната ранливост закрпена неодамна во Control Web Panel (CWP), алатка за …