Фишинг кампања која таргетира македонски адреси за е-пошта со лажно претставување на испраќачот како “Полиција на Република Македонија”

Ве информираме дека на 31 јули 2020 година забележана е нова фишинг-кампања која таргетира македонски корисници со лажно претставување како да е испратена од “Полиција на Република Македонија” и лажна адреса за е-пошта <kontakts@moi.gov.mk>

Наслов на порака: „Вие сте поканети на тековна истрага за измама во банка“

Содржина: „Ова е да ве информираме дека сте поканети во полицијата на Република Македонија за тековна истрага за измама во банка. Детали за поканата можете да ги најдете во приложениот PDF документ.“

Како дел од пораката бесправно се користат графички и текстуални елементи за лажно претставување како МВР, и слика од наводно скениран документ со линк кој води до малициозен фајл со наслов „mvr-31720.iso“.

URL адреса на малициозен фајл: https://nyschool.edu.sg/mvr-3170.iso

Тип на детектиран малвер: MSIL/Kryptik.DJ

Совети:

Доколку сте добиле ваква порака, најитно избришете ја.

Доколку веќе сте кликнале на линкот и сте го отвориле овој фајл, најитно направете скенирање и проверка на компјутерот/уредот со ажуриран антивирусен софтвер. Повеќето антивирусни софтвери го детектираат и бришат овој малвер од компјутерот.

Општи совети:

– внимавајте кога отворате додатоци или кликнувате на линкови од пораки испратени по е-пошта кои Ви се сомнителни или испраќачот не е познат

– имајте постојано вклучена антивирусна заштита на компјутерот/уредот преку кој пристапувате до вашата е-пошта

– Доколку се сомневате во валидноста на некоја порака од познат испраќач, обидете се да го контактирате испраќачот за потврда, на пр. преку телефон

– секоја сомнителна или фишинг порака може да ја пратите до нас на info@mkd-cirt.mk. Пожелно е сомнителната порака да се прати како додаток/attachment на пораката до MKD-CIRT, заради понатамошна анализа.

Check Also

Cisco издава лепенка за грешка при киднапирање на VPN со висока сериозност кај безбеден клиент

Cisco објави закрпи за да се справи со безбедносниот пропуст со висока сериозност што влијае …