Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Кинески хакери користат ARTEX AI за автоматизирани напади врз повеќе од 200 организации

Кинески хакери ја искористиле алатката ARTEX, рамка со отворен код за тестирање на безбедноста со помош на повеќе меѓусебно поврзани AI-агенти, во напади врз повеќе од 200 организации во 14 земји.

Операцијата започнала на 17 октомври и била насочена кон владини министерства, телекомуникациски оператори и организации од фармацевтскиот, полупроводничкиот, одбранбениот, нуклеарниот и финансискиот сектор.

Напаѓачите компромитирале најмалку девет организации, а извршиле и напади со автоматизирано испробување комбинации од лозинки (password spraying), како и скенирање за пронаоѓање акредитиви за пристап кај најмалку 12 други високоприоритетни цели.

Според истражувачите на CrowdStrike, „оваа кампања претставува ескалација во користењето AI-агенти од страна на актери поврзани со Кина, преминувајќи од поединечни упади кон повеќе истовремени операции координирани од човечки оператор“.

Меѓу потврдените жртви се телекомуникациски оператори во САД и Белгија, владини организации во Грција, на Блискиот Исток и во Латинска Америка, како и фармацевтски компании во САД.

Истражувачите ја следат хакерската група под името Vapor Panda. Тие наведуваат дека при нападот врз грчка владина институција, AI-агентите фалсификувале администраторски токен и пристапиле до поштенските сандачиња, искористувајќи ги клучевите за автентикација од извоз на директориумот на поштенскиот сервер направен во 2022 година.

ARTEX AI е пакет алатки за тестирање на безбедноста, развиен од кинески програмери и првично објавен како проект со отворен код. Сепак, неговите креатори подоцна го направиле софтверот сопственички, откако тој бил искористен во вистински напади, вклучително и во кампања насочена кон јужнокорејски финансиски институции.

Во својата најнова операција за кибершпионажа, Vapor Panda користела и DeepSeek, како и втор комерцијален јазичен модел чиј идентитет не е откриен, за координирање на планирањето и извршувањето на задачите од страна на специјализираните AI-агенти во повеќе истовремени упади.

Според CrowdStrike, напаѓачите им давале инструкции на агентите на кинески јазик и интервенирале во критичните фази кога било потребно да се донесат одлуки.

AI-агентите самостојно извршувале извидување на целните системи, искористувале безбедносни ранливости, поставувале веб-школки (web shells), собирале акредитиви за пристап и барале алтернативни начини за напад кога тоа било потребно.

Операторите експлицитно им наложиле на агентите да ги прескокнуваат Windows-компјутерите заштитени со Falcon, безбедносното решение на CrowdStrike за заштита на крајните уреди, и да се фокусираат на незаштитените системи.

Истражувачите проценуваат дека во еден од упадите AI-агентите обработиле повеќе од 1,4 милијарди влезни токени.

CrowdStrike открила и дека напаѓачите го распоредиле злонамерниот софтвер BLOODALCHEMY, задна врата (backdoor) активна од 2023 година, против владини институции во Латинска Америка и на Блискиот Исток.

Се појавуваат нови случаи на злоупотреба на ARTEX AI

Холандскиот институт за откривање ранливости (Dutch Institute for Vulnerability Disclosure – DIVD) објави дополнителни детали за кибернападот што го претрпе во септември 2026 година, а за кој одговорноста му ја припиша на AI-агент.

Според најновото ажурирање, алатката употребена во нападот врз неговата мрежа била ARTEX AI, која дејствувала автономно.

DIVD во објава на LinkedIn објасни дека напаѓачите успеале да преминат од почетен пристап до добивање root-привилегии за само 12 минути, комбинирајќи zero-day ранливост во платформата Zammad со втора zero-day ранливост за локално ескалирање на привилегиите.

Агентот извршувал голем број задачи истовремено, меѓу кои читање на компромитирано поштенско сандаче, скенирање на внатрешната мрежа, извлекување токени за најавување и обиди за ресетирање лозинки.

DIVD регистрирал повеќе од 450.000 барања и 2.500 скрипти поврзани со нападот, опишувајќи ја активноста како „исклучително бучна и хаотична“.

Извори:

  • Bleeping Computer – Chinese hackers use ARTEX AI in automated attacks against 200 orgs Bleeping Computer