Почеток / Вести / Објавен извештај Глобален индекс на сајбер безбедност 2020

Објавен извештај Глобален индекс на сајбер безбедност 2020

Меѓународната унија за телекомуникации ITU (International Telecommunication Union) ја објави четвртата итерација од извештајот „Глобален индекс на сајбер безбедност 2020“(Global Cybersecurity Index GCIv4)

На веб-страницата на ITU пишува „Многу земји напредуваат во своите заложби да одговорат на предизвиците за сајбер безбедност, и покрај опортунистичките чинители кои ја искористија нашата желба за информации, нашите стравови од пандемијата, пренасочување кон работа од дома и далечинско учење, зависност од здравствени системи и многу повеќе. Оваа најнова итерација на Глобалниот индекс на сајбер безбедност ќе помогне во промовирање на понатамошно дејствување кон безбедни дигитални екосистеми потребни за закрепнување и раст. Се надеваме дека тоа исто така ќе помогне во решавањето на растечкиот јаз во компјутерски капацитет помеѓу развиените и земјите во развој преку поттикнување на знаење, вештини и градење на компетенции.“

Извештајот во PDF формат може да го преземете од веб-страницата на ITU на следниот линк:

https://www.itu.int/en/myitu/Publications/2021/06/28/13/22/Global-Cybersecurity-Index-2020

Check Also

Критична ранливост на сервисот Microsoft Windows Print Spooler

Ранливоста позната како  „PrintNightmare“ овозможува секој автентициран корисник да изврши далечински управуван код со SYSTEM …