Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) го објави третиот извештај за посветеност на земјите на сајбер-безбедност. Глобалниот индекс на сајбер-безбедност (Global Cybersecurity Index – GCI) е доверлива референца која ја мери посветеноста на земјите на сајбер-безбедноста на глобално ниво, со цел да се подигне свеста за важноста и различните димензии на прашањето. Со оглед на тоа што сајбер-безбедноста има широка област на примена, опфаќа многу индустрии и различни сектори, нивото на развој или ангажирање на секоја земја се проценува по пет столба – (i) Правни мерки, (ii) Технички мерки, (iii) Организациски мерки, (iv ) Градење на капацитети, и (v) Соработка. Потоа поединечните постигнувања се агрегираат во вкупен резултат. Нашата земја е на 21 место во Европа и 34 место во светот, и е во групата земји со висока посветеност на сајбер безбедност. Извештајот може да го преземете директно од веб сајтот на ITU, на следниот линк: https://www.itu.int/en/ITU-D/Cybersecurity/Pages/global-cybersecurity-index.aspx
Check Also
MITRE ја објави својата годишна листа на Топ 25 „најопасни софтверски слабости“ за 2023 година.
“Овие слабости доведуваат до сериозни пропусти во софтверот“, соопшти американската Агенција за сајбер безбедност и …