Потпишан Меморандум за соработка на АЕК со Агенција за цивилно воздухопловство

На денешниот состанок одржан во просториите на АЕК, директорите на Агенцијата за електронски комуникации – Сашо Димитријоски и Агенцијата за цивилно воздухопловство – Горан Јандреоски потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на работата во двете институции.

Во рамките на овој Меморандум, договорните страни ќе соработуваат во размена на информации во врска со компјутерската и мрежната безбедност, сајбер безбедноста, електронските комуникации и инциденти по компјутерска и информациска безбедност.

Check Also

Android апликации со spyware инсталирани 421 милион пати од Google Play

Нов Android малвер дистрибуиран како SDK реклама е откриен во повеќе апликации, многумина претходно на …