Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Упатство за пријавување

MKD-CIRTАгенција за електронски комуникации
Упатство за конституенти

Пријавување инциденти до MKD-CIRT

Кога, како и со кои податоци се пријавува сајбер безбедносен инцидент, во согласност со член 33 од Законот за безбедност на мрежни и информациски системи.

Ажурирано 01.09.2026ЗБМИС, „Сл. весник на РСМ“ бр. 135/2025TLP:CLEAR
Најдоцна 3 часаод дознавањето за значаен инцидент до првичното известување
Веб-формулар „Пријави инцидент“mkd-cirt.mk/onlajn-prijava
soc@mkd-cirt.mkПријави, ажурирања, прилози
+389 2 3091 232Итни случаи, со писмена потврда
PGP 0x333C00DB · RSA 4096
0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB
01

Вовед и опфат

Суштинските и важните субјекти мора да го известат MKD-CIRT за секој значаен инцидент најдоцна 3 часа од дознавањето, а потоа да доставуваат дополнителни известувања според роковите од член 33 од Законот за безбедност на мрежни и информациски системи (ЗБМИС).

Упатството е наменето за лицата одговорни за сајбер безбедност, ИТ/SOC тимовите и раководството кај конституентите на MKD-CIRT. Важи и за доброволно пријавување од други правни и физички лица.

Правна основа

  • Закон за безбедност на мрежни и информациски системи („Службен весник на РСМ“ бр. 135/2025), особено член 33;
  • Правилник за утврдување на стандардизирани практики, шеми за класификација и класификации на национално ниво за CSIRT тимовите (АЕК, 15.07.2026);
  • Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденцијата на пријавените инциденти во MKD-CIRT (АЕК, 15.07.2026);
  • RFC 2350 профил на MKD-CIRT, верзија 2.0.

Упатството не ги заменува законските обврски. Во случај на несовпаѓање, се применуваат Законот и подзаконските акти.

02

Кој пријавува и што се пријавува

Значајните инциденти се пријавуваат задолжително; сѐ друго може доброволно.

Задолжителна пријава чл. 33

Кој
Суштински и важни субјекти за кои MKD-CIRT е надлежен CSIRT
Што
Значаен инцидент и/или значајна сајбер закана
Рок
Законските рокови (точка 3)

Доброволна пријава препорачано

Кој
Секој конституент, други правни и физички лица
Што
Инциденти што не се значајни, сајбер закани, случувања блиску до инцидент
Рок
Што поскоро, без законски рок

Кога инцидентот е значаен

Кога ги исполнува критериумите утврдени во ЗБМИС и во Правилникот за стандардизирани практики и шеми за класификација. Во најопшта смисла, кога предизвикал или може да предизвика:

  • сериозно нарушување на работата на услугите или финансиска загуба за субјектот;
  • значителна материјална или нематеријална штета за други физички или правни лица.

Во случај на сомнеж, пријавете. Пријава што подоцна се покаже како незначајна не носи последици; доцнењето со задолжителна пријава носи. За нејасни случаи, MKD-CIRT помага во класификацијата по приемот.

Ранливости во ИКТ производи се пријавуваат одделно, преку CVD порталот (точка 4).

03

Законски рокови за известување

До пет известувања: првото најдоцна за 3 часа, последното еден месец по известувањето од 72 часа.

  1. Т0
    Момент на дознавањеОд овој момент течат сите рокови, а не од потврдата или од крајот на анализата. Евидентирајте датум, час и временска зона (CET/CEST).
  2. ≤ 3 ч
    Првично известувањеВеднаш, а најдоцна во рок од 3 часа; важи и за значајна сајбер закана.
    чл. 33 ст. 1
  3. ≤ 24 ч
    Рано предупредувањеСомнеж за злонамерно дејство и можно прекугранично влијание.
    чл. 33 ст. 3 т. 1
  4. ≤ 72 ч
    Известување за инцидентотАжурирање, првична проценка на сериозноста и влијанието, показатели (IOC).
    чл. 33 ст. 3 т. 2
  5. на барање
    Привремен извештајКога MKD-CIRT ќе побара ажурирање на состојбата.
    чл. 33 ст. 3 т. 3
  6. 72 ч + 1 мес.
    Завршен извештајДетален опис, тип на закана или причина, мерки, прекугранично влијание.
    чл. 33 ст. 3 т. 4

Временската линија не е во размер. Привремениот извештај (испрекината рамка) се доставува само ако MKD-CIRT го побара. За одделни категории субјекти може да важат дополнителни законски правила.

04

Канали за пријавување

Веб-формуларот и soc@mkd-cirt.mk се примарни; телефонот е за итни случаи.

Веб-формулар примарен

mkd-cirt.mk/onlajn-prijava

За секоја нова пријава. Структурираните полиња значат помалку испуштени податоци.

Е-пошта примарен

soc@mkd-cirt.mk

Нова пријава, ажурирања и прилози (логови, IOC). Шифрирајте со PGP кога пораката содржи чувствителни податоци.

Телефон итно

+389 2 3091 232

Кога е-поштата е недостапна или ситуацијата е итна. Потврдете писмено веднаш по разговорот.

CVD портал

cvd.mkd-cirt.mk

За ранливости во ИКТ производи и услуги, со можност за анонимно пријавување. Не е канал за инциденти.

Општи прашања

info@mkd-cirt.mk

Не се користи за пријавување инциденти.

Роковите од член 33 важат без оглед на каналот. Ако основниот канал не работи (на пр. компромитирана е-пошта), користете друг официјален канал и не чекајте.

05

Содржина на пријавата по фаза

Секоја фаза ја дополнува претходната. Непознатото се означува како „непознато“ и се дополнува подоцна.

Првичното известување може да биде кратко, но не смее да доцни поради непотполни податоци.

Податок3 ч24 ч72 ч1 месец
Назив на субјектот, сектор, лице за контакт✓✓✓✓
Време на дознавање и (ако е познато) на настанување✓✓✓✓
Краток опис и засегнати услуги✓✓ажурирандетален
Сомнеж за незаконито или злонамерно дејствоако е познато✓✓✓
Можно прекугранично влијаниеако е познато✓✓✓
Проценка на сериозност и влијание·прелиминарна✓конечна
Показатели на компромитираност (IOC)ако се достапниако се достапни✓✓
Преземени мерки за ограничувањеако се преземени✓✓✓
Тип на закана или причина (root cause)··ако е познато✓
Применети и тековни мерки за ублажување··✓✓
Прекугранично влијание (конечно)···✓
Научени лекции···✓

Ако инцидентот сѐ уште трае по истекот на еден месец, се доставува извештај за напредок, а завршниот извештај по разрешувањето на инцидентот.

06

Постапка чекор по чекор

Рокот од 3 часа тече од моментот на дознавање, а не од потврдувањето или од крајот на анализата.

Првите 3 часаЧекори 1–4 без одложување
  1. 1
    Забележете го времето на дознавање. Датум, час и временска зона (CET/CEST), како и кој го открил инцидентот.
  2. 2
    Активирајте го внатрешниот план за одговор. Известете го одговорното лице за сајбер безбедност и раководството.
  3. 3
    Проценете дали инцидентот е значаен (точка 2). Во случај на сомнеж, постапете како да е значаен.
  4. 4
    Доставете првично известување во рок од 3 часа преку веб-формуларот или soc@mkd-cirt.mk, со податоците од точка 5 што се познати.
Потоадо завршниот извештај
  1. 5
    Зачувајте го бројот на предметот што го доделува MKD-CIRT и наведувајте го во насловот на сите понатамошни пораки.
  2. 6
    Преземете мерки за ограничување и сочувајте докази (точка 9).
  3. 7
    Доставете рано предупредување (24 ч) и известување за инцидентот (72 ч), со сите нови сознанија.
  4. 8
    Одговорете на барањата на MKD-CIRT за дополнителни информации и привремени извештаи.
  5. 9
    Доставете завршен извештај најдоцна еден месец по известувањето од 72 часа.

Посебните обврски кон други органи (на пр. известување до Агенцијата за заштита на личните податоци при повреда на лични податоци или пријава до МВР при кривично дело) се исполнуваат паралелно и не се заменуваат со пријавата до MKD-CIRT.

07

Безбедна комуникација

Чувствителните податоци се шифрираат со PGP и се означуваат со TLP.

PGP клуч за soc@ и info@mkd-cirt.mkTLP:CLEAR
Key ID
0x333C00DB
Тип
RSA 4096
Fingerprint
0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB

Клучот е достапен на mkd-cirt.mk и на јавните сервери за клучеви. Пред првата употреба, споредете го отпечатокот (fingerprint) со горенаведениот. Пораките од MKD-CIRT се потпишани со овој клуч.

Означување со TLP 2.0

Во насловот или на почетокот на пријавата наведете со кого MKD-CIRT смее да ја сподели информацијата.

ОзнакаДозволено споделување
TLP:REDСамо именуваните примачи во MKD-CIRT
TLP:AMBER+STRICTСамо во рамките на организацијата примач
TLP:AMBERОрганизацијата примач и нејзините клиенти, по потреба да се знае
TLP:GREENЗаедницата (на пр. други субјекти од секторот), не јавно
TLP:CLEARБез ограничување

Ако не наведете ознака, MKD-CIRT ја третира пријавата како доверлива. Идентитетот на пријавувачот не се открива без согласност, освен кога тоа е законска обврска.

Автентикација. MKD-CIRT никогаш нема да бара лозинки или пристапни податоци. Ако добиете сомнително барање во име на MKD-CIRT, проверете го преку телефонскиот број од точка 4.

08

Што следи по пријавата

MKD-CIRT ја евидентира секоја пријава, ја класифицира и постапува сразмерно на ризикот.

  1. Потврда за приемСо број на предмет.
  2. КласификацијаСпоред националната шема и одредување на приоритет.
  3. Повратен одговорПрелиминарна повратна информација и, на барање, насоки за ублажување.
  4. Техничка поддршкаАнализа на показатели, логови и малициозен софтвер, во рамките на надлежностите.
  5. КоординацијаСо засегнати субјекти, надлежни органи и партнерски CSIRT тимови, со заштита на идентитетот на пријавувачот.
  6. Рано предупредувањеАнонимизирано, до други конституенти што истата закана може да ги погоди.
  7. ЗатворањеПо завршниот извештај, со евиденција според Правилникот.

MKD-CIRT не презема контрола врз системите на конституентот. Одговорноста за санирање и за законските обврски останува кај субјектот.

09

Сочувување докази и првични мерки

Ограничете го ширењето без да ги уништите трагите потребни за анализа.

Направете

  • Изолирајте ги засегнатите системи од мрежата
  • Зачувајте ги логовите (firewall, proxy, EDR, AD, VPN, сервери) и продолжете го чувањето
  • Направете слика на меморија и диск ако имате капацитет
  • Променете ги компромитираните лозинки од чист уред
  • Водете дневник: време, лице, дејство
  • Зачувајте примероци од сомнителни е-пораки со целосни заглавја

Избегнувајте

  • Исклучување или рестартирање на системите (се губи содржината на меморијата)
  • Бришење на датотеки, логови или сметки на напаѓачот
  • Извршување на малициозни датотеки за „проверка“
  • Комуникација за инцидентот преку компромитирана е-пошта
  • Контакт со напаѓачот или плаќање откуп без консултација
  • Препраќање малициозни прилози нешифрирани (користете архива со лозинка)

При сомнеж за кривично дело, доказите се чуваат со евиденција на синџирот на чување (chain of custody).

10

Контакти и образец за пријава

Инцидентиsoc@mkd-cirt.mk
+389 2 3091 232
Централа на АЕК+389 2 3289 200
АдресаАЕК – MKD-CIRT, ул. „Кеј Димитар Влахов“ бр. 21, 1000 Скопје

Образец за пријава (PDF)

Преземи го образецот (PDF)

Образецот се пополнува офлајн (Adobe Acrobat/Reader, прелистувач или рачно по печатење) и ги содржи истите полиња како онлајн пријавата.

Пополнетиот образец испратете го на soc@mkd-cirt.mk, шифриран со PGP клучот на MKD-CIRT (0x333C00DB). Прилозите (логови, примероци) се испраќаат шифрирани со PGP или како архива со лозинка доставена по друг канал.