Visa потврди cyberattack, додека хакерите тврдат дека е нападнат и JPMorgan

Напаѓачите се закануваат дека ќе ги објават украдените податоци.

Visa и JPMorgan Chase се најдоа на листата на цели на ransomware група, која на финансиските гиганти им дава само 48 часа за преговори пред да ги објави украдените податоци на интернет.

Новоформираната ransomware група, која го користи името n0n, ги наведе двете компании меѓу своите наводни жртви, поставувајќи одбројување од 48 часа пред најавеното објавување на податоците.

Во моментот на пишување на овој текст, одбројувањето е во тек, но напаѓачите засега откриваат малку детали за податоците за кои тврдат дека ги украле.

Сепак, имињата на листата на жртви предизвикуваат сериозна загриженост. Двете компании имаат централна улога во глобалниот финансиски систем и обработуваат огромни количества финансиски и лични податоци.

Visa потврди компромитирање на податоци кај надворешен партнер

Visa потврди дека е запознаена со тврдењата, иако компанијата наведува дека инцидентот потекнува од давател на услуги од трета страна во регионот на Азија и Пацификот.

„Системите на Visa не беа вклучени и не беа погодени. Нема индикации дека се засегнати податоци за плаќање, како што се броевите на платежните картички“, изјави портпаролот на Visa за Cybernews.

Visa не откри кои даватели на услуги од трета страна биле погодени од кибернападот.

JPMorgan се соочува со прекин во работењето. Дали станува збор за посебен инцидент?

Тврдењата за компромитирање на податоци на американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase се појавија во период кога компанијата се соочува со прекин во работењето на своите услуги, предизвикан од софтверска грешка.

Банката за Cybernews соопшти дека прекинот влијаел врз нејзините услуги, но дека нема „докази“ што би го поврзале инцидентот со кибернапад.

Засега, JPMorgan Chase не потврди дали прекинот во работењето има каква било поврзаност со тврдењата на ransomware групата.

Напаѓачите тврдеа дека ги украле податоците на Expedia

Ransomware групата n0n е нов играч на сцената на кибер-криминалот. За првпат била забележана во средината на септември, а за кратко време успеала да состави листа на жртви на која се наоѓаат неколку познати корпоративни имиња.

Само минатата недела, групата тврдеше дека ја нападнала туристичката компанија Expedia, наводно крадејќи милијарди записи за патници.

Извори:

  • Cybernews – Visa confirms cyberattack as hackers claim JPMorgan was hit too Cybernews
Преглед на приватноста
MKD-CIRT – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.