ВНИМАНИЕ!!! Лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за phishing со обид за измама

ВНИМАНИЕ!!!

Во однос на пристигнати голем број на пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи и/или други вработени од миситерството, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено.

MKD-CIRT ги известува граѓаните дека станува збор за лажна електронска порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.

Во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку viber/skype/drug линк или. Овие електронски пораки се класичен обид за измама (phishing) во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

MKD-CIRT исто така предупредува да внимавате и да не ги отворате линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, MKD-CIRT ве информира дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот во изминатиот период.

Check Also

MITRE ја објави својата годишна листа на Топ 25 „најопасни софтверски слабости“ за 2023 година.

“Овие слабости доведуваат до сериозни пропусти во софтверот“, соопшти американската Агенција за сајбер безбедност и …